Претходно
„Лажна“ Шварцвалд торта за која не треба печење!
Едно од најпопуларните пекарски задоволства кое е на многумина омилено е познатата Шварцвалд торта, во чија авантуристичка подготовка почетниците не се осмелуваат да учествуваат. Но, дека класичната комбинација на вишни, чоколадо и крем од слатка павлака може да биде многу поедноставна за правење, а сепак вкусна, го докажува рецептот за варијантата на познатата торта која не бара ниту печење.
Потребни состојки:
- 500 г пишкоти
- 425 г компот од вишни
- ½ шолја џем од вишни
- 250 мл изладено кафе
- 900 мл слатка павлака за шлаг
- 1 супена лажица шеќер
- 1 кафена лажичка екстракт од ванила/ванилин шеќер
- 50 г рендано чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
- Исцедете ги вишните и зачувајте го сокот. Потоа, во него додадете го ладното кафе и добро промешајте.
- Исцедените вишни исечкајте ги на ситни парчиња и помешајте ги со џемот додека не добиете хомогена смеса.
- Во слатката павлака додадете една супена лажица шеќер и екстракт од ванила. Изматете додека не добиете цврст шлаг.
- Подгответе го послужавникот во кој ќе ги редите состојките и кој ќе ви го собере во фрижидерот. Одвојте 6 пишкоти и секоја малку натопете ја во смесата од кафе и сируп. Потоа, ставете ја на послужавникот и повторете го процесот со преостанатите 5 пишкоти, редејќи ги една до друга.
- На пишкотите, во тенок слој, ставете ја смесата од џем и вишни. Додадете ја изматената слатка павлака и повторете го истиот начин на редење додека не се потрошат пишкотите со кои ќе го завршите десертот.
- Оставете ја тортата во фрижидерот 3 часа, а потоа премачкајте ја со остатокот од слатката павлака и обилно посипете ја со ренданото чоколадо за готвење.