Лажење, манипулации и претерана контрола: 10 знаци дека си имате работа со злобна личност!

Лажење, манипулации и претерана контрола: 10 знаци дека си имате работа со злобна личност!

Понекогаш е тешко да се препознае злобна личност, иако би требало лесно да се претпостави од некое истанчено злонамерно однесување. Поголемиот дел од тие личности сјаат со силна негативна енергија која може да се почувствува со километри. Злобните личности се појавуваат насекаде во опкружувањето, дури и таму каде што најмалку ги очекувате. На улица, на училиште, на факултет, на работното место… Многумина ги опишуваат како неморални, лоши и исфрустрирани личности. Доколку не сте сигурни во вашата проценка, погледнете ги овие 10 знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали некоја личност е злобна.

1-lazhenje-manipulacii-i-preterana-kontrola-10-znaci-kako-da-prepoznaete-zlobna-lichnost-www.kafepauza.mk_

1. Уживање во туѓата несреќа

Злобните личности се толку емоционално „изопачени“ однатре што погледот на туѓата несреќа им создава задоволство. Тоа може да биде црна хроника или вест на телевизија, или некоја драматична ситуација која се одвива пред нив. Гледајќи го туѓото патење, тие лесно се носат со сите моменти кога биле повредени и со сите лоши ситуации кои им се случиле и ним во животот.

Најголемата опасност во ова е што би можеле вам или на другите да им приредат неудобни ситуации и искуства за подоцна да уживаат во несреќата која ја креирале. Затоа е важно колку што е можно порано да ги препознаете овие личности во вашата околина за да се заштитете себеси и вашите сакани.

2. Постојана контрола

Сите злобни личности имаат една заедничка особина, а тоа е потребата константно да имаат контрола над сѐ. Но, тоа не значи дека може да ве контролираат и вас. Често се чувствуваат непријатно или беспомошно ако немаат контрола над апсолутно секој аспект од својот живот.

Толку се вообразени кон светот и луѓето што не можат да доверат ниту еден дел од својот живот на некоја друга личност. Заради оваа опсесија, може да изгледаат љубезно, одлучно и коректно. Но, штом им се приближите, тие ќе го покажат своето вистинско лице и ќе се обидат да го контролираат и вашиот живот.

3. Патолошко лажење

Сите лажат – понекогаш тоа се мали лаги, некогаш малку поголеми, а некогаш толку големи што звучат како последица од некоја сериозна психоза. Но, иако сите лажат, тоа не значи и дека сите се лажговци.
Патолошките лажговци се посебен вид луѓе, со затворен ум од сите невистини кои ги кажале. Понекогаш користат лаги за да се направат себеси поголеми, попаметни и поважни пред другите луѓе. Некои лажат за вас и за вашите блиски личности, но едно е сигурно – ги користат тие лаги како алат за манипулација со реалноста во која живеат и која, очигледно, не им е по волја. Секогаш барајте ја вистината и истражете го сето она што овие личности ќе ви го кажат.

3-lazhenje-manipulacii-i-preterana-kontrola-10-znaci-kako-da-prepoznaete-zlobna-lichnost-www.kafepauza.mk_

4. Чудно чувство во нивна близина

Досега имало многу приказни за тоа како телата зрачат со одредена енергија. Иако досега не е докажано за што точно станува збор, таа енергија би можела да делува како интуитивен систем на осигурување. Исто како кога јадете неквалитетна храна, тоа се покажува на кожата, така и на надворешното енергетско поле се покажува негативното влијание однатре.

Заради тоа злобните луѓе создаваат непријатност кога сте во нивна близина, односно вашето енергетско поле чувствува негативност од нивното. Можеби некому ќе му звучи лудо кога ќе го опишувате лошото чувство кое го имате за некого, но верувајте си на себе и на својата интуиција бидејќи најверојатно сте во право.

5. Суровост

Претходниот индикатор најчесто доаѓа однатре, како продукт со пресметано и користољубиво однесување. Но, не ги држат сите своите подмолни планови во себе, бавно спроведувајќи ги на следните жртви. Некои злобни луѓе својот нарав го покажуваат и кон надвор.

Зајадливи прекинувања, неудобни коментари и сѐ останато што доаѓа од нивните лични фрустрации исто така се дел од тие лични емоционални девијации кои самите ги создаваат. Потребно е да се оттргнете од таквите личности за тие облици на суровост да не предизвикаат сериозна штета во вашиот живот.

6. Недостаток на одговорност

Злобната личност нема никаков облик на морален компас. Тие ќе прават сѐ како што сакаат и никогаш нема да се чувствуваат одговорни за штетата која ја нанеле на другите. Ако случајно започнат да чувствуваат каков било облик на вина, тие автоматски ќе ја префрлат на некој друг, не размислувајќи дека изворната шета може да се реши, барем само со извинување.

Тоа е така затоа што мислат дека извинувањата се за слабаци и ако чувствуваат дека има потреба од ваков акт, тие ќе најдат начин како да ве натераат вие да им се извините за нивните грешки.

2-lazhenje-manipulacii-i-preterana-kontrola-10-znaci-kako-da-prepoznaete-zlobna-lichnost-www.kafepauza.mk_

7. Расизам, сексизам, хемофобија или интолеранција

„Подели, па владеј“, вели старата поговорка. На неа почиваат неславни диктатури и репресивни облици на владеење од Хитлер, Сталин и слични политики фигури. Користејќи се со аргументите за човечката различност врз основа на пол, род, боја на кожа, раса или религија, овие луѓе запишале неколку од најмрачните страници од човечката историја.

Нетрпеливост, расизам, шовинизам – сите тие се одлики на луѓето кои гледаат на светот на поделен начин, ја намалуваат вредноста на одредени групи, додека само еден вид луѓе го издвојуваат како „правилен“. Бидете внимателни покрај ваквите луѓе, бидејќи тие не се секогаш злобни личности, но во поголемиот дел зад нивните злокобни коментари се крие проблематична човечка свест.

8. Манипулација

Злобните луѓе се сосема способни да покажуваат добронамерни чувства и емпатија, иако не го чувствуваат тоа. Често ќе бидат добри кон вас само за да добијат нешто за возврат, без разлика дали станува збор за пари, секс, покорност или нешто уште полошо.

Немојте да им дозволите да ве манипулираат така што ќе ве вратат во некои минати времиња во кои направиле нешто добро за вас или биле добри кон вас (што најверојатно би можело да биде од некој личен интерес).

4-lazhenje-manipulacii-i-preterana-kontrola-10-znaci-kako-da-prepoznaete-zlobna-lichnost-www.kafepauza.mk_

9. Двоен живот

Личностите кои се злобни никогаш нема да ви ја откријат вистината за својот живот. Тие не живеат двојни, туку безбројни животи, создавајќи стотина лица за секоја личност која ќе ја запознаат. Ќе измислат различни животни сценарија за секоја од нив.

Злобната личност ќе биде кој било само за да го добие она што го сака. Единствена вистина за нив е тоа што никој да не знае кои навистина се тие.

10. Немаат ограничувања

Како бумеранг, злобните личности секогаш ќе се обидат да се вратат назад во вашиот живот, бидејќи се истрајни, напорни и извештачени. Секако, тука настапувате вие. Не смеете по никоја цена да им дозволите да се вратат во вашиот живот, без разлика со кои трикови се користат. Немојте да се плашите да поставите граници кон оние кои ве повредиле или мислите дека би можеле да ве повредат.

Понекогаш е тешко да исфрлите и избришете некои луѓе од животот, одредени моменти на кои и понатаму се сеќавате или некои ситуации кои повеќе не се како што биле на почетокот кога сте мислеле дека ја познавате таа личност. Без разлика дали станува збор за пријатели или бивши партнери/сопружници, злобните енергии мора да се отстранат од животот. Ако ги пуштите назад, бидете сигурни дека ќе се вратите во истата состојба кога сте биле несреќни, манипулирани, и на крај, повредени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар