„Лажен сладолед“: Десерт од 2 состојки што се подготвува за 2 минути
Летото е оној период од годината кога сладоледот е најпосакуваниот десерт. Постојат стотици вкусови и исто толку облици. Некои го сакаат во корнет, некој на стапче… Многумина си подготвуваат домашен сладолед и постојано имаат кутија полна со вкусови во својот фрижидер. Но, дали сте слушнале за десертот кој многу потсетува на сладолед, а всушност не е тоа? Овој десерт се подготвува многу брзо и со само две состојки, па токму поради тоа и веднаш ќе ве освои.
Потребни состојки:
- 2 банани
- 200 грама малини (или друго овошје по избор)
Начин на подготовка:
Исечкајте ги на крукчиња добро изладените банани и ставете ги во блендер, па додајте ги студените малини и добро изматете го овошјето. Добиената смеса ставете ја во чаши за сладолед и по желба украсете со свежо нане, сируп од малини и ситно исечкани јаткасти плодови.
Тоа е тоа! Уживајте!