„LAYAGE“ – Новиот тренд на бојадисување на косата кој ќе го обожаваме во 2016-та година!
Мораме да признаеме дека малку ни досадија сите тие нови трендови за бојадисување на косата под кои се подразбираат луди, дречливи бои, за кои искрено, малкумина од нас имаат храброст и можност да ги испробаат на себе. Па затоа, многу се израдувавме на веста дека во 2016-та година главниот тренд во бојадисувањето на косата ќе подразбира нејзино сенчење во природни нијанси!
Професионалците го свртуваат вниманието на новата метода во нијансирањето на косата – лијаж (layage)! Оваа техника е слична на популарната техника балијаж, но со неа се постигнува малку поразличен ефект. Погледнете за што поточно станува збор.
Лијажот можеби преставува врвот во постигнувањето на што поприроден изглед на косата со помош на нијансирање. После ова бојадисување, косата делува како да е природно осветлена на сонце. Целта е да се осветлат одредени делови од косата кои ќе се прелеваат на потполно природен начин и ќе даваат впечаток на „сонце во косата“. Косата делува како да сјае однатре.
Тајната е во прецизното и строго контролираното нанесување боја, прамен по прамен.
Коста се поставува на рамна површина, па пополека се одвојуваат поголеми прамени кои рачно ќе се бојадисуваат. Најмногу боја се нанесува на краевите, додека повисоките делови на косата остануваат во прамени и така се појадисуваат. На овој начин посветлите делови одлично се спојуваат со потемните нијанси на вашата коса.
Професионалците велат дека со оваа техника на бојадисување може да се постигне омбре ефект (осветлување само на краевите), но и нијансирање на целата коса.