Кујнска сол, листови зелка, краставица: 9 евтини домашни рецепти за отечени нозе

Кујнска сол, листови зелка, краставица: 9 евтини домашни рецепти за отечени нозе

Предолгото стоење, повредите, преголемиот физички напор, вишокот килограми и преголемото внесување на сол и лекови можат да предизвикаат отечени нозе, болна појава која во топлите денови може уште повеќе да се влоши. Но, со помош на овие 9 едноставни и евтини домашни рецепти ќе можете да ги ублажите ваквите тегоби и повторно да ја почувствувате леснотијата во нозете и чекорот.

1-kujnska-sol-listovi-zelka-krastavica-9-evtini-domashni-recepti-za-natechenite-noze-www.kafepauza.mk_

1. Купка со кујнска сол

Ставете половина филџан кујнска сол во леѓен со топла вода. Натопете ги нозете во оваа течност и задржете ги од 10 до 15 минути. Ќе почувствувате моментално олеснување. Оваа купка можете да ја применувате секоја вечер пред спиење.

2. Купка топло-ладно

Наполнете еден леѓен со топла (но не претопла) вода, а друг леѓен со ладна (но не преладна) вода. Натопете ги нозете прво во топлата вода и седете така од 10 до 15 минути, а потоа ставете ги во ладната. После неколку минути повторно вратете ги во топлата вода и држете ги во неа околу 5 минути. Оваа купка ќе ја подобри циркулацијата во нозете.

3. Паста со прашок за печиво

Во водата во која се варел ориз додадете прашок за печиво во размер 1:1. Можете на пример да помешате две лажици прашок за печиво и две лажици вода. Потоа мешајте додека не добиете паста. Нанесете ја пастата на стапалата и зглобовите. Поголема количина од оваа паста можете да додадете во леѓен со врела вода и да ги натопите нозете во неа. Прашокот за печиво и оризовата вода ќе ја впијат вишокот течност од стапалата и глуждовите.

4. Купка со етерични масла

Етеричните масла од еукалиптус, пеперминт и лимон додадете ги во леѓен со вода и во него држете ги нозете натопени околу 15 минути. Освен тоа што ќе ја намалат отеченоста, етеричните масла ќе делуваат релаксирачки на целиот организам.

5. Јаболков оцет

Намачкајте ги стапалата и глуждовите со малку јаболков оцет и веднаш ќе почувствувате олеснување. Јаболковиот оцет ќе ја впие и отстрани вишокот течност која се собрала во болните нозе и така ќе ги намали отеченоста, вкочанетоста и болката.

6. Чај од магдонос

Направете чај од суви листови магдонос и секој ден пијте по два до три филџани. Магдоносот како природен диуретик ќе му помогне на телото да ја исфрли вишокот течност.

7. Листови зелка

Пребришете неколку листови зелка со мокра крпа и ставете ги на нозете, а можете и лесно да ги врзете. За уште поголемо олеснување, пред употреба, листовите можете да ги држите во фрижидер. Зелката одлично ја впива и исфрла вишокот течност од нозете, и тоа за половина час.

8. Чај од глуварче

Додадете го глуварчето во зовриена вода и оставете го кратко да постои. Секој ден пијте по филџан до два од овој чај сѐ додека не забележите дека вашите нозе повеќе не отекуваат. Глуварчето, исто така, ја впива водата и е богато со антиоксиданси за целиот организам.

9. Свежа краставица

Ставете парчиња свежа краставица на стапалата и покријте ги со лесен превез. Краставицата ќе ги смири уморните и болни нозе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар