Претходно
Кремисимо коцки: Вкусен десерт одличен за секоја пригода
Овие кремасти коцки се навистина лесни за подготовка и се толку вкусни што веднаш ќе ги изедете.
Потребни состојки:
- 600 милилитри млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 125 грама маргарин
- 100 грама шеќер во прав
- 3 лажици шеќер
- 100 грама крем
- 70 грама темно чоколадо
- 4 крем банани
- 36 парчиња бисквити
- 200 милилитри млеко за бисквитите
Начин на подготовка:
- Измешајте ги пудингот, трите лажици шеќер и 100 милилитри млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата со пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
- Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, додајте го изладениот пудинг и поделете ја смесата на 3 дела.
- Во едниот дел ставете ги исечканите крем банани, во другиот кремот, а во третиот додајте го растопеното темно чоколадо.
- На чинија наредете 12 бисквити потопени во млеко, па нанесете еден дел од смесата. Повторно наредете 12 бисквити и нанесете го вториот дел од смесата. Наредете ги останатите 12 бисквити и завршете со третиот дел од смесата.
- Оставете го колачот преку ноќ или неколку часа во фрижидер.
- Исечете го на коцки и послужете.
Ако сакате едноставен летен ручек, пробајте го овој рецепт за полнети домати.