Претходно
Кремасто топло какао со урми
Густ и богат вкус
Потребни состојки за една шолја:
- една лажица какао
- една лажица путер од кикирики
- 5 урми
- млеко колку да ги покрие сувите состојки
- вода
Начин на подготовка:
Ставете ги какаото, путерот од кикирики и урмите во блендер и прелијте ги со млеко колку да ги покриете. Блендирајте додека сите состојки добро се соединат, измешајте ги со шолја врела вода и вашиот пијалак е готов.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.