Кремаста супа од костени која е богата со витамини
Дојде сезоната на костените кои се вистинско есенско задоволство кое секој го сака. Бројни јадења може да се направат од костени, солени и слатки, во зависност од тоа кој ужива во што повеќе. Денес ви носиме неколку интересни факти за костените и рецепт за кремаста супа од костени и карфиол.
Костените за разлика од оревите, бадемите и лешниците, имаат помала содржина на маснотии. Но, затоа тие имаат висока содржина на скроб, дури и поголема од компирот. Костенот не содржи глутен, затоа е погоден за исхрана на луѓе со целијачна болест, чувствителна на глутен или алергични на пченица. Содржат минерали, витамини Б, витамини А и Ц кои остануваат во овошјето при готвење/печење.
Десет костени со средна големина имаат околу 200 калории. Особено се препорачуваат за деца, спортисти, лица под стрес, бремени жени и стари лица, но и за сите што го сакаат ова есенско задоволство. Костените се малку потешки за варење, затоа бидете умерени во количините што ги јадете. Добро е да се комбинираат различни начини на подготовка, имајќи предвид дека печените костени ќе бидат побогати со витамини, а варените со минерали.
Потребни состојки за супата:
- 500 г костени
- две лажички маслиново масло
- праз по избор и вкус
- 3 чешниња лук
- 500 г карфиол
- 6 чаши вода
- грчки јогурт или павлака (по избор)
Начин на подготовка:
- Исечете ги костените на половина, ставете ги во тенџере, покријте ги со вода и оставете ја водата да зоврие. Гответе полека 15-20 минути. Исцедете ги и додека се топли, излушете ги.
- Потоа загрејте го маслото во тенџере или длабока тава на средно-висок оган. Додадете го исечканиот праз и лукот, мешајте 4-5 минути додека не омекне празот. Додадете карфиол и варете мешајќи околу 3 минути. Додадете вода, покријте го со капак и оставете да зоврие. Намалете ја температурата, извадете го капакот на половина и оставете го да се готви околу 20 минути или додека карфиолот не стане целосно мек.
- Потоа додајте ги костените во водата. Измешајте ја супата со миксер или рачен блендер додека смесата не се изедначи. Додадете сол, бибер и зачини по желба, а на самиот крај додадете ги преостанатите грчки јогурт или павлака.
Погледнете го овој рецепт за вкусен леб со тиква и глазура од кафе.