Кремаст колач со овошен фил кој не се пече
Боровинката е суперхрана која можете да ја искористите за сиров десерт кој долго ќе трае. Пробајте го овој превкусен и навистина лесен рецепт за кремаст колач со овошен фил.
Потребни состојки:
- 250 грама ореви
- 130 грама бадемово брашно
- 4 урми
- 3 лажици растопено кокосово масло
- 1 лажица цимет
- 250 грама боровинки
- 2 лажица лимонов сок
- 2 урми
- 200 грама индиски ореви, потопени најмалку 2 часа во вода
- 65 грама кокосов крем
- 1 лажица екстракт од ванила
- 50 милилитри јаворов или агаве сируп
Начин на подготовка:
За да ја направите кората, обложете тава со големина за околу 8 колачи со хартија за печење. Ставете ги оревите, бадемовото брашно, 4-те урми, циметот и кокосовото масло во блендер. Смесата треба да има текстура како издробен кекс. Доколку е премногу сува, додавајте по малку вода додека не стане леплива. Ставете ја смесата во средината на калапот за колач и со рака притиснете ја до краевите и обликувајте кора. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер 15-тина минути.
За филот, ставете ги боровинките, лимоновиот сок и двете урми во блендер. Блендирајте додека урмите не се разградат целосно. Потоа рамномерно распоредете ја смесата врз кората на колачот. Оставете го колачот во замрзнувач два часа.
За да го подготвите последниот слој од кокосов крем, изблендирајте ги индиските ореви, кремот од кокос, екстрактот од ванила и јаворовиот сируп. На крај нанесете ја смесата врз замрзнатиот слој од боровинки. Вратете го колачот во замрзнувачот и оставете го да отстои уште два часа.
Пробајте ги и овие чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки.