Крем-салата со свежи краставици

Крем-салата со свежи краставици

Освежителна, брза и лесна…Крем-салата со свежи краставициПотребни состојки:

  • 1 краставица, исечкана на тенки кругови
  • 4 лажици јогурт
  • 1 лажица мајонез
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер
  • неколку снопчиња копар, ситно исечкан
  • 2 млади кромитчиња, ситно сечкани
  • 2 лажици фета сирење

Начин на подготовка: Краставицата исечкајте ја на тенки крукчиња со нож или на ренде и резанките ставете ги во еден сад со средна големина. Ставете малку сол и оставете го садот во фрижидер 30 минути. Солта ја црпи водата од краставицата, па откако ќе го извадите садот од фрижидер, исцедете ја течноста.

Потоа во друг помал сад измешајте ги јогуртот и мајонезот, исцедете го лимонот, ставете малку бибер, ставете го исечканиот млад кромид, фетата и копарот. Откако убаво ќе ги измешате, сосот истурете го врз краставиците и послужете ја салатата.Крем-салата со свежи краставици Крем-салата со свежи краставици


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар