Крекери со малку масти и без глутен

Крекери со малку масти и без глутен

Крекерите со малку масти и без глутен се одлични кога се комбинираат со сос, како солена закуска или како десерт со сладолед.

Потребни состојки:

  • 145 г бадемово брашно
  • 60 г кокосово брашно
  • 2 лажици кокосов шеќер
  • 1/2 лажица цимет
  • 1/2 лажица прашок за печиво
  • 3 лажици растопен путер
  • 3-4 лажици вода (колку тестото да се соедини)

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад истурете го брашното од бадем, кокосовото брашно, шеќерот од кокос, циметот и прашокот за печиво.
  2. Направете дупка среде сувите состојки и истурете го путерот во неа. Промешајте за да ги соедините состојките.
  3. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на еден час.
  4. Загрејте ја рерната на 175 °C.
  5. Ставете го тестото врз хартија за печење. Ако е малку лепливо, ставете друг лист хартија за печење над него.
  6. Исукајте колку што е можно потенка кора, бидејќи тоа ќе ги направи крекерите покрцкави.
  7. Исечете ја кората во форма на крекери и со виљушка или чепкалка за заби издупчете ја секоја од формите за да создадете изглед на крекер.
  8. Наредете ги во плех врз хартија за печење и печете 20-25 минути додека не бидат златно кафеави.

Прочитајте како да подготвите и брзи чоколадни топчиња со кокос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар