Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Сите ние имаме помала или поголема способност за создавање. Но, ако во последно време чувствувате дека ви се намалуваат идеите, погледнете ја оваа листа од 10 совети кои ќе ви помогнат при подобрувањето на вашата креативност…

Не воздржувајте се

Кога имате потреба од креирање нови идеи, многу е важно да се воздржите од тоа да судите. Ако идејата ви звучи екстравагантно и како да не е од овој свет, нека биде така. Некои од најкреативните умови кои некогаш живееле, имале идеи кои на почетокот звучеле смешно, но бидејќи биле сигурни во себе создале нешто што го направило светот поубав.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Доживувајте нови нешта

Сожалувајте го оној кој има омилен ресторан. Ако сакате да бидете креативни, клучно е да бидете отворени кон сите искуства и активно да барате нови работи, без разлика дали станува збор за ресторани, филмови, музеи, клубови, барови или спортови, секогаш тргнувајте кон оние нешта кои никогаш претходно не сте ги искусиле.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Создавајте ваши сопствени проекти

Доколку во вашата работа немате доволно простор да бидете креативни, обидете се самите да си задавате одредени задачи. Обидете се со 3 проекти годишно кои со сигурност ќе ви овозможат одржување на вашата креативност.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Посетете музеј

Со посета на музеј можете да доживеете „подмладување“ на вашата креативност. Најдобро е доколку одите сами за да можете подобро да се сконцентрирате на сите прекрасни уметнички дела.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Направете спонтани фотографии

Земете го вашиот фотоапарат и излезете надвор. Одете каде што ќе ве води патот и без никакво размислување снимете го сè она што ви изгледа визуелно примамливо. Во иднина, кога ќе имате потреба од тоа, ќе можете да ги употребите овие фотографии како „отскочна даска“ за вашата креативност.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Следете го вашиот инстинкт

Сосема е нормално да се разочарате доколку некој ги критикува вашите креативни дела. Да бидеме реални, што и да направите никогаш нема да можете сите да ги задоволите, но со сигурност можете да се задоволите себеси. Заборавете ги сите околу вас, фокусирајте се на себе и едноставно почнете да СОЗДАВАТЕ!

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Медитирајте

Медитацијата е одличен начин за да се релаксирате. Постојат голем број научни студии кои докажуваат дека луѓето се најкреативни кога се опуштени. Поради тоа, секогаш кога чувствувате дека сте во креативна „дупка“ и имате милиони нешта кои ви поминуваат низ мислите, одберете удобно место во вашиот дом и започнете со кратка медитација. Доволни се само 30-тина минути за да бидете воодушевени од резултатите.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Читајте, читајте, читајте

Читањето е „виновно“ за голем дел од личниот и артистичкиот раст и развој. Обидете се да читате книги секој ден по околу 30-тина минути. Книгите не мора да бидат специфичен жанр, но сè додека наоѓате време за читање, ќе забележувате и дека вашата креативност постојано се зголемува.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Заборавете на правилата и нормите

Ако се обидувате да ги одржувате вашите идеи во границите на она што е „нормално“, ќе западнете во уште поголеми креативни потешкотии. Кога сакате навистина да бидете креативни, заборавете ги сите моментални трендови и создадете нешто што доаѓа од вашето срце. Откако ова ќе ви стане навика, вашиот креативен потенцијал ќе почне нагло да се зголемува.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

Одете на прошетка

Одењето ги стимулира вашите потсвесни мисли и на тој начин ви овозможува да креирате повеќе идеи и да направите конекции меѓу нив. Исто така одењето е добар метод на релаксација кој брзо ќе ви го намали нивото на стрес.

Креативни начини за подобрување на вашата креативност

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар