Креативни начини остатоците од храна да ги претворите во здрави оброци
Често се случува фрижидерот да биде полн со остатоци од храна кои само зафаќаат место. Не е важно дали се остатоци од храна што сте ја зеле од ресторан или пак произлегле од вашата кујна.
Еве неколку идеи кои остатоците ќе ги претворат во убава храна, фрижидерот ќе се подиспразни, а вие убаво и добро ќе се најадете. Не само што заштедувате пари туку и ѝ помагате на околината и на себеси. Сепак, запомнете дека има и некои додатоци кои во секое време можат да се најдат дома.
Еве 5 идеи како остатоците можат да станат оброк:
1. Голема салата
Навикнете го организмот на здрава храна така што ќе почнете да чувате здрави продукти како замрзнато овошје, зеленчук, грав, лешници или пак набрзина пригответе домашни сосови кои одговараат на секаков вид храна. Исто така, добра идеја за лесна салата се и спанаќот, зелката и зелената салата бидејќи се многу вкусни и лесни за подготовка.
Ако имате остатоци од кинеска храна, додадете замрзнат зеленчук како броколи и грашок и направете микс салата. По желба, може да додадете бадеми, моркови, нерафиниран кафеав шеќер или други зеленчуци и протеини кои ви се при рака. На ист начин може да се приготви и мексиканската, јапонската, па дури и италијанската храна.
2. Тако или бурито
Под претпоставка дека дома имате кори или тортиљи можете да направите брзо тако со преостанатото месо, риба, грав или зеленчук. Добри додатоци се пченката, црниот грав и лут сос. Друга комбинација може да биде со лути пиперки и салца. Богати со протеини и со висока нутрициска вредност овие храбри избори вредат да се пробаат.
3. Омлет или киш
Ако имате јајца тогаш зошто да не приготвите омлет кој ќе биде готов за неколку минути без многу труд. Ако сакате малку да експериментирате, додадете кашкавал, нане, босилек, месо, компири или леб. За да се разбие монотонијата додадете броколи, спанаќ и грашок. А зеленчукот како кромидот и сушените домати се уште еден прекрасен додаток.
4. Тестенини
Голем број од луѓето најчесто дома чуваат тестенини и барем едно пакетче кечап, за секој случај. Кој било сос и тестенини плус остатоците прават навистина вкусен оброк кој ќе ве засити. Интересни идеи за сосови кои лесно можете дома да ги направите се путанеска и песто. Зачини кои долго траат се и лукот, кромидот, магдоносот, ориганото, босилекот, кои плус ѝ додаваат невообичаена арома на храната. Користете ја оваа комбинација на состојки и за помалку од 15 минути ќе добиете вкусна вечера.
5. Пригответе храна во вок тава
Сѐ додека имате варени или лесно пржени остатоци од храна, додадете ги во голема вок тава, земете малку лук, соја сос, сусам и теријаки сос и ете оброк. Во случај да имате свеж ѓумбир или кој било друг азиски сос како сирача, или киселина од кафеав ориз, можете да ги додадете во тавата. Исто така, замрзнатиот зеленчук е одлична идеја. Замрзнати броколи, кромид, пиперки, грашок, зелен грав и карфиол одат прекрасно во сите азиски јадења и ве спасуваат од макотрпна работа како сечење, миење и сл.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.