Креативни идеи за вашиот есенски маникир
Како што се намалуваат температурите, така се приближуваат и новите есенски трендови. Па, доколку сакате да бидете во чекор со модата, во однос на целиот ваш стил, погледнете ги следниве креативни идеи за маникир што оваа есен ќе бидат во тренд.
1. Креативен француски маникир
Ова е одличен начин да го надградите стандардниот француски маникир. Освен класичниот бел врв, треба да додадете уште една линија со сива или со боја на кожа.
2. Цветни детали
Откако ќе завршите со вашиот класичен француски маникир, на врвот од ноктите или пак, на дното (како вам ви изгледа подобро), поставете детали во форма на цвеќиња.
3. Мондријанов стил
Уживате малку, препуштете се на вашата фантазија и почнете да исцртувате линии и коцки што ќе ги пополнувате со различни бои. Нешто слично како уметноста на сликарот Пит Мондријан, нека и вашите нокти бидат апстрактни.
4. Француски маникир со фолија
Наместо врвот на вашите нокти да биде бел, обидете се да го украсите со фолија што се нанесува на ноктите и остава разнобојни траги. Консултирајте се со вашиот козметичар за повеќе информации.
5. Шаховска табла
За „шаховски нокти“ потребно е на самиот нивен врв да направите вообичаен француски маникир. Кога ќе се исуши, нанесете црни коцки што ќе ја формираат таблата.