Крцкави печени компири со фета
Крцкав компир како прилог за вашиот ручек…Потребни состојки:
- 5 компири
- 90 мл маслиново масло
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка оригано
- сол и бибер по вкус
- 200 г фета сирење
Начин на подготовка:
1. Рерната загрејте ја на 200 степени.
2. Излупете ги компирите и исечете ги како помфрит.
3. Ставете ги во еден сад и додадете ги зачините и маслото. Убаво измешајте.
4. На тава ставете хартија за печење и распоредете ги компирите.
5. Печете 25 минути, потоа извадете ги од рерната и превртете ги. Потоа вратете ја тавата за компирите да се печат уште 10 минути.
6. Откако компирите ќе се испечат ставете ги во чинија за сервирање и одозгора издробете ја фетата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.