Претходно
Крцкави крокети од компир со спанаќ и сирење
Одличен ручек готов за само 30 минути
Потребни состојки:
- 800 г компир
- 150 г спанаќ
- 150 г брашно
- 50 г маргарин
- 1 поголемо јајце
- 1 лажица сол
- 100 г тврдо сирење
- Масло
За пржење:
- Брашно
- 1 јајце
- 4 лажици млеко
- Лебни трошки
Начин на подготовка:
- Добро измијте го компирот и сосе лушпа ставете го да се вари. Варениот компир исцедете го од водата и откако малку ќе се излади, излупете го. Лупениот компир потоа ситно издробете го, па оставете го сосема да се излади. Потоа додадете го обарениот ситно сецкан спанаќ, јајцето, маргаринот, посолете и сето тоа добро соединете го.
- Постепено додавајте го брашното и со раце измесете го тестото. Лажица тесто ставете на набрашнета површина и благо притиснете го како диск. На средина ставете парче сирење, па потоа замотајте. Во меѓувреме припремете сè што треба за пржење.
- Во една чинија ставете малку брашно, во друга изматете го млекото со јајцето, а во трета ставете ги лебните трошки. Обликуваните крокети од компир најпрво тркалајте ги во брашното, потоа поминете ги низ јајцето и на крајот истркалајте ги во лебни трошки. Пржете во длабоко масло.