Крцкави батаци печени со корнфлекс
Златесто потпечени батаци кои ќе крцкаат во вашата уста.Благодарение на 12-часовното маринирање во путер со разни зачини и лут сос, печените пилешки батаци и карабатаци, добиваат совршена влажност и пикантен вкус, кој ќе го зголеми вашиот апетит.
Време на подготовка: 50 минути (плус 12 часа маринирање претходната ноќ)
Порции: 4
Потребни состојки:
- 250 грама путер
- 4 чешниња лук со средна големина, излупени и ситно исецкани
- 3 супени лажици доматен лут сос
- 1 супена лажица морска сол (или повеќе по потреба)
- 2 кафени лажички тазе толчен црн бибер (или повеќе по потреба)
- Половина кафена лажичка црвен пипер
- Половина кафена лажичка чили
- 4 батаци (кожата да биде остранета)
- 4 карабатаци (кожата да биде остранета)
- Околу 200 грама корнфлекс
- 4 супени лажици несолен путер (стопен)
Начин на подготовка: Во длабок сад ставете ги путерот, лукот, лутиот сос, солта и биберот, црвениот пипер и чилито и мешајте додека убаво не се искомбинираат. Ставете ги батаците и карабатаците на хартиена крпа, за да се исушат и потоа ставете ги во сад за печење. Истурете го миксот со путер врз пилешкото месо, покријте го садот со капак и ставете го во фрижидер 12 часа, при што еднаш треба да го извадите за да го превртите месото.
Загрејте ја рерната на 200° C, а решетката нека ви биде поставена на средина. Обивткајте друга решетка во алуминиумска фолија и тргнете ја настрана. Сипете го корнфлексот во плиток сад и истолчете го ситно, а потоа врз него додате прстофат сол и малку бибер. Извадете едно пилешко парче од путерската маринада, дозволете му на вишокот да се исцеди и ставете го во чинијата со корнфлексот, каде што ќе го тркалате додека не се создаде убава обвивка. Притиснете го нежно месото со рацете, за да се залепат зрнцата корнфлекс.
Тргнете го парчето настрана и повторете ја постапката за останатите батачиња. Исипете го стопениот путер рамномерно врз месото, а потоа префрлете ги парчињата на подготвената решетка и пикнете ја во рерна. Печете ги додека да позлатат и станат крцкави, околу 35 минути.
Пијалак: Ручекот оди одлично со шампањско или со шприцер.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.