Крцкав чипс од моркови

Крцкав чипс од моркови

Има ли некој што не сака чипс? Добар е за со филм, за служење гости, како и за полнење на стомаците кога нема поздрава опција. Но, купечките чипсови се пржат во многу зејтин, многу се калорични и не спаѓаат баш во здрава храна. Па, ако сте љубители на чипс, со малку труд и состојки, можете да ги добиете вашите омилени грицки, во здрава варијанта со нов вкус.Крцкав чипс од морковиПотребно време за подготовка: 30 минути

Потребни состојки:

  • 2 големи, дебели моркови
  • 1 ½ лажичка маслиново масло
  • 1/3 лажичка сол
  • тазе сомелен црн бибер

Начин на подготовка: Наместете ги решетките во рерната така за таа да се подели на три еднакви дела и потоа загрејте ја на 180 степени. Излупете ги морковите и држејќи ги за дршката, сечете ги по должина со сечило во форма на „Y“. Ставете ги лентесто исечените моркови во сад, додадете ги зејтинот, солта и биберот и измешајте ги убаво со рацете.

Во тава поставете 2 реда хартија за печење и врз неа наредете ги лентите, така што тие нема да се преклопуваат. Печете ги 6 минути, а потоа свртете ја тавата и поставете ја на друго ниво во рерната. Печете така уште 6-8 минути додека да станат морковите кафено-златеникави. Потоа земете го чипсот со хартијата за печење и така поставете го директно на решетката во рерната да постои уште 3 минути за да стане крцкав. Потоа внимателно поставете го во сад за сервирање. Вака приготвениот чипс може да го чувате во херметички затворен сад до 3 дена.

Чипсот од моркови оди одлично со сос.

За да приготвите сос за вашите крцкави моркови, ќе ви бидат потребни:

  • 1 шолја кисело млеко
  • 1/4 шолја мајонез
  • 3 лажички кисела павлака
  • 3 лажички ситно сечкан магдонос
  • 2 лажички ситно сечкан влашец (најмал вид кромид)
  • 4 лажички бел вински оцет или лимонов сок
  • 1 чешне ситно сечкан лук
  • 1/2 лажичка сол (или повеќе)
  • 1/8 лажичка свежо сомелен бибер (или повеќе)

Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во сад со капак и мешајте со тресење. Ставете го садот во фрижидер и после еден час можете да го сервирате.Крцкав чипс од моркови


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар