Краток тест: Дознајте колку е здраво вашето срце

Краток тест: Дознајте колку е здраво вашето срце

Дали сте знаеле дека две од пет жени во светот имаат срце и до пет години постаро од остатокот од телото? Овој податок би требало да ве поттикне да размислите за здравјето на најважниот мускул во вашето тело. Па, доколку сакате да дознаете колку е здраво вашето срце, сè што треба да направите е да го решите тестот што ќе го пронајдете во продолжение.

Стареењето е дел од природен процес, а првите знаци ги гледаме на лицето, телото и кожата, и тоа во облик на брчки и бели влакна. Но, стареењето се случува и во нашиот организам, а понекогаш тоа може навистина да нè изненади дека не е видливо.

Имено, истражувањето од американскиот центар за контрола и превенција на болести покажало дека две од пет жени имаат и до пет години постаро срце од остатокот од телото. Таканаречениот синдром старо срце се однесува на неговото здравје и работа, што може да биде показател за можни идни болести.

Па, доколку сакате да дознаете колку е старо вашето срце, тестирајте го со помош на овој калкулатор за срце. Во калкулаторот треба ги внесете своите години (над 35), телесната висина и тежина, состојбата на шеќерот во крвта (дијабетес) и дали сте пушач. Резултатот би требало да ја открие состојбата на вашето тело, како и процентот на ризик за заболување од одредени срцеви болести во следните 10 години.

Направете го и овој едноставен тест со кој ќе откриете дали кај вас постои ризик од прерана смрт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар