Краток текст за сите оние кои не знаат каде ќе ги одведе животниот пат што го одбрале
Можеби моментално сте заглавени во ќорсокак. Гледате во подот каде што стоите и збунети сте. Правите краток одмор и си мислите дека ова не е животот којшто сте си го замислувале за себе. Нешто не е во ред. Се прашувате како воопшто сте стигнале до тука. Ви тежи секој чекор што го преземате. Дури и дишењето го чувствувате како обврска. Не чувствувате никаква возбуда. Вашиот живот се претвора во црно-бел филм. А иднината е празна. Еден ден сте се разбудиле и ништо повеќе немало смисла. Сега се прашувате кога поточно вашиот живот се сменил толку многу.
Мора да постои причина зошто се чувствувате вака. Знаете дека не се случило преку ноќ. Оваа празнина мора да има корен. Не би требало да се работи за обична случајност. Каде лежи вината? Мора да престанете. Направете пауза. Дишете. Застанете. Престанете со работа за еден момент.
Треба да знаете дека нема да завршите вака. Она што ви се случува моментално е само привремено. Исто како и брановите во океанот, животот и понатаму ќе продолжи да се движи. Земјата ќе продолжи да се врти околу сонцето, без разлика дали вие сте подготвени да ја следите. Тоа треба да го сфатите како знак дека и вие треба да продолжите понатаму. Суровата вистина е дека ништо и никој не може да ве сопре. Можеби ви е тешко да најдете причина за да продолжите понатаму, но мора барем да се обидете. Мора да си дадете доволно време за да ги разберете вашите емоции. Ова е само фаза, пречка на патот, што треба да ја надминете. Темните облаци над вас ќе исчезнат. Прашината ќе стивне. И сѐ ќе ви биде повторно јасно.
Ќе најдете нова љубов и тоа ќе ви го исполни срцето со таква радост каква што не сте почувствувале никогаш претходно. Ќе почнете да ја откривате вашата животна смисла. Постојано ќе наоѓате причини за коишто можете да бидете благодарни. Вашата душа нема да се чувствува напуштено. Брчките на вашето чело ќе исчезнат.
Некогаш и некаде ќе си најдете место на овој свет што ќе можете да го наречете свој дом. И за прв пат ќе сфатите колку долго сте го чекале овој момент. Вашиот сон ќе се исполни. Сета болка што ве растргнувала на парчиња ќе стане безначајна. Животот ќе се разоткрие пред вашите очи тогаш кога најмалку ќе очекувате. И во тој момент, ќе заблеска искрата во вас. Ќе се сетите на тешките денови што ве уништиле и конечно ќе сфатите зошто морале да се случат. Зошто сте изгубиле некои луѓе, зошто сте морале да си одите од местото што сте го обожавале, зошто сте морале да го смените својот пат. Ќе станете свесни дека можеби нема да дознаете каде ќе ве одведе патот што сте го одбрале. А можеби и никој друг не знае. Но, како што ќе се движите така ќе сфаќате дека барем правите нешто. И можеби тоа е доволно.
Но, денес, она што можете да го направите е да дознаете зошто сте несреќни. Соочете се со вашите чувства и потсетете се дека вашите емоции се вистински. Потоа, ослободете се од сето она што ве влече надолу. За да можете да тргнете на патување со среќен крај, мора да знаете што е она што не го сакате во животот, исто како што знаете што е она што го сакате. Најдобриот начин да го сторите тоа е да почнете да барате однатре.
Дали во последно време се чувствувате лошо? Прочитајте го ова ако се чувствувате како „ѓубре“!