Кратко и јасно: 26 совети за лесно слабеење!
Ех, тие новогодишни одлуки. На прв поглед, лист хартија со чкртаници, а кога малку подобро ќе размислиме, сфаќаме дека тие ни значат многу во длабочината на нашата душа и сакаме навистина да се придржуваме до нив. Доколку некоја од вашите новогодишни одлуки била да изгубите некој килограм, тогаш овие кратки, јасни и едноставни совети можат многу да ви помогнат. Секако, клучот за успешно слабеење е токму во ситниците на кои и не обрнувате внимание, па токму затоа денес ви откриваме кои се тие.
1. Следете го правилото 80/20 – 80% од времето хранете се здраво, а останатите 20% дозволете си ситни задоволства кои ќе ве направат среќни и задоволни со диетата.
2. Секојпат кога ќе добиете желба да изедете нешто, а не сте гладни, направете 10 склекови или чучнувања.
3. Одбирајте интегрални наместо „обични“ житарки.
4. Џвакајте гума за џвакање додека готвите за да се спречите да јадете предвреме. Тие мали залаци, собрани на куп, на крајот секогаш се испаѓаат многу.
5. Во фрижидерот секогаш имајте чинија со исечкано овошје или зеленчук за оние моменти кога ќе посакате ужина. Тие се подобар избор од грицките!
6. Кога нешто работите по дома, седете на топка за јога наместо на класичен стол, или набавете еден од оние стоечки работни маси.
7. Немојте да јадете пред екранот, туку пред некоја личност. Така ќе јадете помалку и ќе бидете концентрирани на секој залак.
8. Немојте да ја заборавите ужината! Нека таа има околу 150 калории и нека секогаш ви биде при рака. Што би можеле да изедете? Оревите се одлично решение бидејќи го забрзуваат вашиот метаболизам, а исто така ќе бидете подолго време сити.
9. На половина оброк направете пауза и испијте малку вода. Така ќе откриете дали и понатаму сте гладни или јадете сѐ пред себе само затоа што е ставено во чинијата.
10. Немојте само да стоите! Можете да вежбате каде било! Правете чучнувања додека ги миете забите или исчекори додека зборувате на телефон.
11. Во дневната соба секогаш при рака имајте мал тег кој ќе можете да го искористите додека гледате телевизија.
12. Секогаш одете по скалите!
13. Подготвувајте си здрав сендвич кој ќе вклучува путер од кикирики или зеленчук, наместо во пекарницата да купите нездраво печиво.
14. Кога станува збор за ручекот, спакувајте си здрави салати или готвени јадења за целата недела, наместо да порачувате брз храна. Секоја калорија е важна!
15. Кога нешто печете, користете путер наместо масло.
16. Кога јадете, целото јадење сечете го на големи парчиња. Ќе ви биде потребно повеќе време за џвакање, а со самото тоа полесно ќе сфатите кога сте сити и кога ви е доволно. Со ситните залаци лесно можете да се занесете.
17. За совршена линија, направете смуди кое може да замени еден оброк во текот на денот.
18. Вежбајте три пати во неделата по 20 минути. Доволно е!
19. Едно јаболко на ден… Продолжението го знаете и сами!
20. Водете дневник на исхрана што редовно ќе го праќате некому на проверка. Одговорноста ве прави поискрени, а на крај лесно ќе можете да видите каде ви „заминуваат“ калориите.
21. После секој оброк измијте ги забите за да спречите да посегнете по некои слатки!
22. Кога поради стресот ќе посакате да јадете, подобро изгледајте некој филм, прочитајте книга, повикајте ја пријателката или вежбајте. Изберете што било за да ви го одвлече вниманието од нереалната желба за храна.
23. Секоја недела правете план за исхрана за наредните неколку дена и строго придржувајте се до него.
24. Секогаш со себе носете шише со вода за да бидете сигурни дека внесувате доволно течности. Освен тоа, понекогаш сте само жедни, а не гладни.
25. Секоја недела фотографирајте се или измерете го вашиот обем во сантиметри за да ги следите промените во слабеењето.
26. Задолжително спијте по 7 часа секоја вечер за да имате здрав метаболизам.