Кратка приказна која ќе ве остави без здив: Што се случува кога мажот ќе ја прегрне жената?

Кратка приказна која ќе ве остави без здив: Што се случува кога мажот ќе ја прегрне жената?

Неверојатното дело на писателот Дејвид Тумаринсон ни покажува што точно се случува во интимните моменти за време на прегратката. Оваа неверојатна приказна без сомнение ќе ве остави без зборови и ќе ве мотивира веднаш да ги прегрнете вашите сакани!

Кратка приказна која ќе ве остави без здив: Што се случува кога мажот ќе ја прегрне жената?

Кога мажот тивко ѝ пристапува зад грб, и потоа ја прегрнува жената, тој со своите раце затвора круг. Нејзин круг, како и свој. Круг исполнет од нежности, топлина, разбирање, заштита… И во самиот центар на овој круг, тој ја става жената. Со тоа несвесно покажува дека сега таа е центарот на неговата вселена. Мажот ја прегрнува жената во тишина. Молчи и жената. Таа чувствува како топлината излегува од овие топли и молчеливи раце.

Кога мажот ја прегрнува жената, неа во истиот момент ѝ растат крилја. Во тој круг неа сè ѝ е спокојно. Тивко. Таа, исто како и шеќерот, се топи од оваа молчелива нежност. Која е таа сега, која стои во центарот на неговиот жив круг? Што жената чувствува во овој момент?

Жена или девојка? Љубена или онаа која љуби? Тишина… Нејзините рамена се покриени со лесно ќебе од недоизразени зборови. И таа ги крие од мажот своите мисли. Или повеќе не ги крие? Бидејќи таа сега е гушната, заштитена од надворешниот свет, кој е толку студен и суров. А тука, во неговите раце, топло е, и удобно. Спокојно. Тоа се моментите за кои жената копнее – чека и се надева.

Често прегрнувајте ја вашата сакана! Внесете ја во центарот на својот круг. Воздигнете ја нејзината нежност со своето треперење. Едноставно сакајте ја! Неа тоа ѝ е толку неопходно. Исто како што ви е потребно и вам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар