Козјо или кравјо: Какво млеко пиете?

Козјо или кравјо: Какво млеко пиете?

Лековитите својства на козјото млеко ги спомнал и Хипократ, кој ја посочил сурутката од козјо млеко како добар лек за белодробни заболувања, жолтица, ревматизам и гихт. Истото го потврдува и индиската традиционална медицина каде има ајурведски записи за употреба на козјо млеко во лекување воспаленија и болки во зглобовите и зајакнување на имунитетот.

Козјо или кравјо: Какво млеко пиете?

Содржи витамини Б1, Б2, Б6 и Б12 кои се важни за зајакнување на нервниот систем, а исто така е богато со минерали (калциум, фосфор, цинк, селен) кои играат важна улога во зајакнувањето на коските и одржувањето на имунитетот.

Козјото млеко се користи како лек за бронхитис, срцеви заболувања, супресија на алергии, зајакнување на белите дробови и респираторниот систем и болести на жолчните камења.

Козјото млеко содржи приближно иста количина лактоза како кравјото, но полесно се вари поради неговиот различен состав на масни киселини. Кај возрасните кои се алергични или нетолерантни на кравјо млеко, се покажа дека козјото млеко е можна добра замена. Истражување открило дека козјото млеко не предизвикува исти реакции кај дури 40% од луѓето алергични на кравјо млеко. И покрај сличниот состав, се претпоставува дека станува збор за алергиски реакции на лакталбуминот од кравјо млеко.

И покрај многубројните придобивки, една од причините што луѓето купуваат козјо млеко помалку е неговата цена.

Козјо млеко

  • лесно сварливо
  • помалку алергени
  • висока содржина на калциум и протеини
  • помага во намалување на холестеролот
  • помага да се подобри квалитетот на кожата
  • помага во апсорпцијата на хранливите материи

Кравјо млеко

  • полномасното млеко е одличен извор на витамини А и Д и калциум,
  • протеини и јаглехидрати
  • добро е за коските, забите и мускулите
  • им помага на децата да растат
  • го подобрува здравјето на мозокот
  • помага при слабеење

Прочитајте за овие 7 причини зошто да пиете по една лажица маслиново масло наутро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Остави коментар