Кожни ракавици со машнички за елегантен и шик изглед
Ракавиците се основен зимски аксесоар. Низ годините, како што модата еволуираше, така добивавме можност да избираме сè покарактеристични и повпечатливи модели кои многу можат да влијаат на впечатокот кој секоја жена го остава додека чекори по градските улици.
Омилени за многумина се ракавиците со машнички, па денес ви нудиме селекција од неколку одлични модели кои се модерни и штосни. Машничките даваат елеганција која ја потенцира женственоста, но во зависност од големината, формата и позицијата, можат да изгледаат и многу младешки и шик.
Инспирирајте се од моделите во галеријата и побарајте нешто слично во локалните продавници или на интернет, но бидејќи кожните ракавици може да бидат доста скапи, не заборавајте дека сега е ера на „направи сам“ креациите. Ако веќе имате постар модел, со малку интервенции, можете да му дадете нов изглед на стариот пар.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.