Кожна јакна: Моден фаворит за пролетните денови
Кога се менува годишното време, без сомнение, кожната јакна станува омилено парче облека на многу девојки. Овие јакни ја разубавуваат секоја модна комбинација и се совршени за променливо време.
Веќе неколку децении, кожните јакни се наоѓаат на врвот на листата омилени класични парчиња облека и лесно се комбинираат секој изглед. Поради ова, секоја сезона со радост им се навраќаме.
Оваа сезона особено актуелни се два модели на кожни јакни – класичните „моторџиски“ јакни и оние со поженствен крој.
Класичната кожна јакна можете да ја облечете без разлика на вашата модна комбинација и секогаш прави да изгледате модерно.
Кратките јакни од превртена кожа со разни бои се одлични за разиграните пролетни дневни комбинации.
Бидејќи во овој период сè уште практикуваме да се облекуваме во слоеви, можете слободно да облечете кожна јакна врз вашиот фустан или сако и да имате фантастична комбинација и за вечерно излегување.
Доколку ви е потребна инспирација, погледнете ги овие одлични модни комбинации за дневно излегување во град.