Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Сезоната на годишни одмори и уживање во сончевите денови е во полн ек, а меѓу најпопуларните летни дестинации се градовите покрај море. Покрај истражувањето на живописните туристички улички и уживањето во гастрономските деликатеси, излежувањето на плажа и пливањето ќе бидат едни од нашите омилени активности. Поради ова, во нашата гардероба најзастапени периодов се лесните фустанчиња и други летни парталчиња за одење на плажа, како и за вечерните прошетки. Но, покрај ова, задолжително парче е секако, и костимот за капење.

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Доколку сѐ уште не сте го одбрале вашиот овогодишен костим за капење, време е да го направите тоа сега и да се одлучите за модел во кој пред сѐ ќе се чувствувате пријатно. Од година во година, модните куќи, дизајнерите и уличните брендови со својата понуда ни ја прават задачата поедноставна, а во актуелните колекции во бутиците изборот е импресивен.

Црн костим за капење – летна класика која совршено стои на секоја фигура

По бикините кои доминираа на модната сцена и песочните плажи во раните 2000-ти, последните неколку години во центарот на летните модни трендови се истакнуваат моделите инспирирани од класичните и женствени ретро костими за капење. Со модерната промена во силуетата, изборот на бои и трендовските детали, класичните модели на едноделните костими за капење, како и дводелните модели со висок струк изгледаат подобро од кога било.

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Најпосакуваните трендови за летната сезона повторно ја истакнуваат едноставноста и разновидноста на неутралната палета на бои, ефектните детали и ретро силуетите кои ја следат линијата на женското тело и го нагласуваат она што е најдобро на него. Зад најпопуларните модели на костими за капење во кои ќе се чувствувате сигурно, се крие едноставен спој на класични кроеви со модерна промена и црна боја, што изгледа одлично во комбинација со потемнет тен и неколку златни додатоци… Најдоброто е што овие модели можете лесно да ги трансформирате во парче облека која ќе функционира како дел од вашиот летен изглед. Врз црниот класичен костим за капење, облечете долга бела ленена туника, а многу шик изгледа и само во комбинација со летни пантолони.

Во црниот костим за капење свој фаворит пронајдоа многу модни блогерки, а неколку модели со кои може да постигнете совршен летен изглед за на плажа, ви издвојуваме во продолжение.

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Костими за капење кои одговараат на секоја женска фигура

Повеќе модели на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар