Костените лекуваат дури 13 болести: Плод кој го чува срцето и бубрезите, полн со магнезиум и витамин Ц!

Костените лекуваат дури 13 болести: Плод кој го чува срцето и бубрезите, полн со магнезиум и витамин Ц!

Сезоната на паѓање на листовите од дрвјата ни носи плод кој е многу здрав и вреден кога се во прашање хранливите материи, минералите и витамините. За време на есента, костенот станува една од најчестите закуски, како и една од главните состојки на оброците. Како и другите јаткасти плодови, така и костенот содржи масти, но во многу помала количина. Тој не дебелее и содржи витамини кои одлично делуваат врз организмот. Здравата количина на костени на ден, за да можете да ги добиете сите негови позитивни влијанија, е 85 грама.

1-kostenite-lekuvaat-duri-13-bolesti-plod-koj-go-chuva-srceto-i-bubrezite-poln-so-magnezium-i-vitamin-www.kafepauza.mk_

Хранливите својства на костенот

Костенот содржи само 1 грам масти и помалку од 70 калории на 30 грама. Содржи и витамин Ц, што го прави посебен јаткаст плод. Дневната доза од 85 грама костени содржи дури 45% од дневните потреби на организмот за витамин Ц. Плодот на костенот е богат со фолати, што е инаку карактеристика на зелениот лиснат зеленчук. Во него, освен витамин Ц, ќе ги пронајдете и витамините Б1, Б2 и Б6, заедно со фолна киселина. Таа е заслужна за формирање црвени крвни зрнца и за синтеза на ДНК. Станува збор за храна која е добра за трудниците, бидејќи спречува појава на аномалии кај фетусот. Со консумирањето костени, во организмот ќе внесете и важни материи како хранливи влакна, магнезиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк и калиум.

Со консумирањето костени, хранливите влакна ќе помогнат да се намали нивото на холестерол. Од костенот може да се прави и брашно и пире, бидејќи тоа, како и лешникот и бадемот, е без глутен. Од друга страна, има поголем процент на скроб, заради што е сличен како компирот и пченката.

Корисен е како лек

Овој плод можете да го јадете сварен, печен, како пире или приготвен во чај. Во кој било облик, ќе го почувствувате неговиот интересен вкус и ќе ги добиете сите нутритивни вредности.

2-kostenite-lekuvaat-duri-13-bolesti-plod-koj-go-chuva-srceto-i-bubrezite-poln-so-magnezium-i-vitamin-www.kafepauza.mk_

Чај од костен

Костените се познати по тоа што помагаат при дигестивните и бубрежните тегоби. Чајот од костен помага и при симптомите на астма и бронхитис.

Диви костени за вени

Важно е да знаете да го разликувате дивиот од домашниот костен, бидејќи дивиот не е за јадење. Од него се прават разни тинктури и креми, бидејќи е многу лековит. Дивиот костен како лек се користи кај проблемите со проширени вени и испукани капилари, кај хемороиди, болни менструации и зголемена простата.

Костенот го чува срцето

Костенот содржи високо ниво мононезаситени масти, како што се олеинските и палмитинските масти. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и ќе помогнат, заедно со хранливите влакна во костенот, да се намали нивото на холестерол.

3-kostenite-lekuvaat-duri-13-bolesti-plod-koj-go-chuva-srceto-i-bubrezite-poln-so-magnezium-i-vitamin-www.kafepauza.mk_

Го исфрла вишокот вода

Костенот има својство да ја исфрла водата од организмот, па со тоа помага при бубрежните и желудочните тегоби. Ќе помогне и при циркулацијата и протокот на храната низ цревата, како и на водата.

Делува против воспаленија

Заради своите антивоспалителни својства, костенот е идеална намирница за луѓето кои патат од артритис и реума.

Бидејќи започна сезоната на костените, погледнете како добро да ги изберете, совршено да ги подготвите и брзо да ги излупите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар