Костени – слатко и здраво есенско задоволство
Костенот е сладок, многу здрав и е единствен јаткаст плод кој содржи витамин Ц, поради што се препорачува одличен прехранбен продукт.
На 30 грама костени има само еден грам масти. Тоа е доволно добра причина за дефинитивно да го вклучите во исхраната оваа есен. Освен тоа, костенот изобилува со фолати, кои инаку ги има во зелениот, лиснат зеленчук, а освен тоа има и фолна киселина, витамини Б1, Б2 и Б6. Костенот е и одличен извор на влакна, кои го смалуваат нивото на холестерол, а содржи и цела низа минерали – калциум, бакар, железо, цинк, фосфор, магнезиум, манган, кои го урамнотежуваат крвниот притисок и работата на метаболизмот.
Препорачлива дневна доза од овој есенски плод, е 85 грама дневно што е околу 200 калории доколку ги јадете печени и дупло помалку калории ако ги консумирате варени.
Во народната медицина костенот се користи за ослободување од дигестивни и бубрежни тегоби, а чајот од костени одлично се бори против симптомите на бронхитис и астма.
Испечете си костени во рерна
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Користејќи мал, остар нож направете длабок рез на едната страна од секој костен. Ставете ги во тава и печете ги 30-40 минути, додека кората да се отвори и внатрешноста да омекне.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.