Кошули кои ќе се носат оваа пролет
Секоја жена, во својот орман треба да има неколку добри кошули, бидејќи ова парче гардероба е одлично за комбинирање, а оваа пролет тие и тоа како се во тренд. Следниве модели се најбарани.Проѕирна кошула во комбинација со здолниште до колена, ќе ве трансформира во секси жена. Доколку решите да ја носите со цветни панталони ќе изгледате многу романтично, а доколку ја искомбинирате со фармерки ќе добиете лежерност и елегантност во едно.Тексас кошулите можете да ги носите со секакви здолништа, како и со фармерки во сите бои, дури и со слични нијанси.Цветните кошули носете ги со завиткани ракави.Пругите, точките и црно-белите комбинации се одлични дезени.На белата кошула ѝ нема конкуренција, но во новите колекции доминираат оние кои на јаката имаат додатоци со нитни и чипка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.