Коса во боја на тиква: Хит нијанса за оваа есен!
Ако ви е потребна нова промена на фризурата и ако размислувате што би можеле да направите со косата, тогаш ви предлагаме да размислите за коса во боја на тиква, која станува сè популарна за оваа есен.
Портокаловата палета на бои е идеална за есенските денови, бидејќи одлично им стои на светлите дами, какви што се повеќето од нас во текот на овој период. Покрај тоа, бидете сигурни дека оваа необична боја ќе се усогласува со вашата гардероба, бидејќи колку и на прв поглед да ви се чини дека е јака и агресивна, имајте на ум дека ова е боја „од природата“.
Овој нов хит е инспириран од популарниот напиток на Старбакс, Pumpkin Spice Latte, кој овој сиџир го нуди само во есенските денови. Ако сакате да експериментирате, сигурно ќе ви биде интересна портокаловата боја на коса низ која се преплетуваат занесни кафеави прамени. Резултатот ќе биде одличен, бидејќи вашата коса ќе изгледа многу природно.