Коса, лице, нокти… Што ќе биде во тренд оваа година?
8. Розови образи
Малку розово руменило веднаш ќе направи да изгледате како да сте спиеле 12 часа. Во што е трикот? Руменилото нанесете го кон „дупчињата“ на образите.
9. Кратки нокти
Иако минатата година постојано гледавме долги нокти со разни мотиви, оваа година во тренд се кратко обликувани нокти.
10. Нов француски маникир
Овој тип на француски маникир се разликува од класичниот по необичните краеви на ноктите – неправилни линии, различни бои или различни украси.
11. Додатоци за коса
Украсите за коса во минатата година ги видовме на ревиите на „Родарт“, „DVF“ и Мишел Корс и едвај чекаме овој тренд од модната писта да го понесеме со нас на улиците.
12. Кратка коса
Боб фризурите продолжуваат со својата доминација, а во 2016-та година со оваа фризура ќе се носат и шишки.
13. Плетенки
… и пунџи, и коњско опавче. Во 2016-та година ќе биде популарно експериментирањето со фризурите во секоја смисла.