Корн-дог – рецепт за вкусните американски виршли на стапче

Корн-дог – рецепт за вкусните американски виршли на стапче

Виршли кои ќе ги обожаваат вашите најблиски…Корн-дог – рецепт за вкусните американски виршли на стапчеПотребни состојки:

  • 90 г брашно
  • 115 г пченкарно брашно
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажиче прашок за печиво
  • 1/8 лажиче сода бикарбона
  • ¼ лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка сол
  • 1/8 лажичка бибер
  • 185 мл полномасно млеко
  • 1 јајце
  • 6 големи виршли
  • 250 мл масло за готвење
  • 6 дрвени стапчиња, потопени во вода барем 30 минути
  • кечап
  • сенф

Начин на подготовка: Маслото за готвење ставете го во тавче и загрејте го.

Обичното брашно, пченкарното, шеќерот, прашокот за печиво, содата, црвениот пипер, солта и биберот измешајте ги заедно во еден сад. Потоа во садот додадете ги млекото и јајцето и нежно измешајте ги состојките додека не добиете убава хомогена смеса. Смесата сипете ја во висока чаша, во која може да собере една виршла.

Виршлите прободете ги со стапчињата и потопете ги во смесата неколку пати. Потоа, набрзина ставете ги во врелото масло да се пржат по отприлика 4-5 минути. Откако ќе се испржат, ставете ги на хартиена крпа за убаво да се исцедат и потоа послужете ги со сенф и кечап.Корн-дог – рецепт за вкусните американски виршли на стапче


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар