Претходно
Корисник на Тик Ток објави едноставен рецепт за крем бруле кој мора да го пробате!
Еден корисник на Тик Ток сподели рецепт за брз и лесен крем крем бруле со стопен сладолед од ванила.
@shefshaqYou do NOT need a blow torch. 🔥 ##food ##foodlover ##easyrecipes ##quickrecipes ##foryou ##foryoupage ##fyp ##baking♬ original sound – shef shaquille
Потребни состојки:
- 120 милилитри стопен сладолед
- 1 жолчка
- шеќер
Начин на подготовка:
- Стопете го сладоледот во микробранова печка.
- Потоа додадете ја жолчката, изматете темелно, така што сè ќе се комбинира, а потоа истурете во еден мал длабок сад.
- Откако ќе ја загреете рерната на 165 степени, земете го плехот за печење, а во него ставете го малиот сад со смесата од сладоледот и жолчката.
- Кога ќе го ставите плехот во рерна, внимателно истурете малку топла вода во плехот, односно до половината од садот со крем бруле.
- Печете помеѓу 40 и 50 минути. По најмалку два часа, можете да го карамелизирате шеќерот во тава за да го прелиете крем брулето. Одозгора можете да посипете и со малку шеќер.
Погледнете го и овој рецепт за неодолива пита со грозје.