Корисни совети за шминкање на русокосите
Автор: Сара Турановиќ
Русата боја е повеќе од боја на коса. Русокосите може да избираат илјадници нијанси од светло платинести и ладно бронзени тонови до боја на пченица и карамела. Овие совети ќе ви помогнат да ја одберете вистинската нијанса на шминка според нијансата на вашата руса коса.
Најважно: Подлога за русокоси
Црвенилото и акните се често видливи кај русокосите со светол тен. Поради оваа причина би требало да користите шминка со среден и јак интензитет освен ако природата не ви подарила кожа како на бебе. Потрудете се да изберете боја која оди од неутрален беж па сè до малку жолтеникави нијанси. Избегнувајте ги светло црвеникавите тонови на шминка.
Пријатно за очи: Шминка за очи кај русокосите
Успешниот рецепт за нанесување сенка за очи би гласел – што помалку, тоа подобро. Изразено јаките сенки за очи како темно розовите и темно виолетовите делуваат премногу нападно на голем број жени со светло руса коса. Пастелните тонови од овие бои имаат многу попријатен ефект.
Овие благи нијанси како светло црвената и виолетовата без светки изгледаат пријатно со сиви и кафеави тонови.
Пепеласто русата коса треба да ја комбинирате со златно кафеава сенка за очи за да внесете малку сјај во вашиот тен. Делот под веѓите нагласете го со боја на шампањ или златна боја, но избегнувајте ги сребрените и бисерните бои.
Жените со златно руса коса изгледаат добро кога носат потемни нијанси на розова, виолетова или циклама.
Не избегнувајте ги „зачадените очи“ за вечерните излегувања. Тие изгледаат добро на сите русокоси, но можеби треба да користете кафеава или сива сенка наместо црна.
Веѓи: Без претерано нагласување
Жените со природно руса коса не би требало да ги нагласуваат веѓите користејќи премногу темна боја на молив за веѓи. Идеални се оние во светло сиви или кафеави бои. Многу компании нудат специјални моливи за веѓи за русокоси. Најважно е да не повлекувате премногу јаки линии. Правилно е да повлечете неколку мали линии помеѓу постоечките влакна на веѓите. Доколку сте ја осветлиле косата, може да побарате од вашиот фризер да ви ги осветли и вашите темни веѓи. Ова ќе направи вашата коса да изгледа поприродно.
Руменило: Црвени образи за русокосите
Светлоцрвените тонови им даваат пожив тон на кожата. Светло розовите тонови се идеални за светло русите жени; светло црвените и нијансите на праска со траги од златно одговараат на златно русата коса.
Русокосите со потемна коса би требало да изберат кафеаво-светло црвена нијанса. Може да нанесете и бронзер, но во умерена количина.
Усни како јагода: Боја на кармин за русокосите
Она што го кажавме за руменилото важи и за карминот. Сигурно ќе изгледате прекрасно со розов кармин. Сите нијанси на розово се добар избор.
Деликатните розови тонови со беж или кафеав тон се одлични за светло златните русокоси.
Платинестите русокоси може да користат потемна црвена или розова боја. Но внимавајте, интензивните или темните бои на кармин задолжително бараат изедначен тон.
За совршен изглед користете и молив за усни во иста боја како карминот. Русокосите не би требало да помислуваат на темни моливи за усни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.