Корисна модна лекција: Како да го изберете соодветниот накит за секој модел на џемпер?
Каде што е зимата, таму се џемперите. Тие се одличен начин да ги сокриеме вишокот на килограми кои ги качивме по завршување на летниот период. Но, да не зборуваме за тоа, поентата е во тоа што веќе дојде сезоната на џемпери, а ние би требало да се занимаваме со тематиката за нивно стилизирање за да изгледаме модерно, стилизирано и како и секогаш, атрактивно. Затоа, на нашето „мени“ денес се наоѓа една доста важна модна лекција, а таа гласи – спој на џемперите и накитот. Секој модел на џемпер бара и одреден модел на накит, а ние сме овде за да ви откриеме како да направите совршена комбинација од истите.
Џемпер: Ролка
Накит: Винтиџ обетки
Кога ни е ладно, најдобриот начин да се стоплиме и да се чувствуваме пријатно и топло, е да облечеме удобна, мека ролка. Далеку од тоа дека таа не е повеќе модерна, бидејќи познатите личности се доказ дека ролките го добија своето големо враќање на модната сцена, а ние со нетрпение очекуваме да го освежиме нашиот гардеробер со оваа парче облека. Со ролката сјаен избор ќе биде подигнатата коса, без разлика дали ќе биде врзана во коњско опавче или бушава пунџа, а целиот изглед „заокружете“ го со впечатливи винтиџ обетки. Изглед на старо сребро, злато или бронза или пак занимлив „камен“ во јака боја ќе биде полн погодок.
Џемпер: Со долги, широки ракави
Накит: Долги ланчиња
Едноставните џемпери со долги, широки ракави изгледаат доста модерно, а можете да ги носите со здолништа или впечатливи кожни панталони. Секако, ова зависи од вашиот вкус. Овој занимлив модел на џемпер ќе направи и вие самите да изгледате така, а доколку џемперот е еднобоен, со едноставна боја и форма, тогаш освежете го со долго ланче кое или ќе биде во слоеви (спојте повеќе) или пак ќе има впечатлив, крупен превезок. И во овој случај одлично ќе ви прилега подигната коса, освен доколку веќе имате краток, модерен паж.
Џемпер: Кардиган
Накит: Асиметрични обетки
Лесните работни комбинации освежете ги со модерен кардиган, а за да изгледате уште поатрактивно, тогаш понесете оригинални асиметрични обетки. Тие самите по себе се прекрасни, а можете да изберете и обетки кои меѓусебно се разликуваат, што ќе биде уште подобар и поразличен избор, зар не? Бидете смели!
Џемпер: Со спуштени рамена
Накит: Впечатливи прстени
Џемперите и тоа како може да изгледаат заводливо и секси, особено ако ги изберете оние со спуштени рамена. Затоа, немојте да се сомневате, изберете баш таков модел! Косата пуштете ја да паѓа, навиткајте ја во благи бранови, а својот изглед надополнете го со впечатливи, крупни прстени. Голите рамена ќе ги истакнете со локните, а деталите кои ќе го подигнат вашиот изглед на едно повисоко ниво се токму прстените. Можеби е ситно, но никако незабележливо!
Џемпер: Без ракави
Накит: Бразлетни
Џемперот без ракави е одличен избор за комбинирање со кошула, а доколку го носите со блузи со ¾ должина на ракавите, тогаш вашата комбинација можете да ја заокружете со интересни бразлетни. Всушност, повеќе од нив! Слободно ставете неколку различни, а сепак бразлетни со сличен стил и ќе бидете апсолутно во тренд.