Корејска филозофија: Среќата е во малите нешта!

Корејска филозофија: Среќата е во малите нешта!

Дали сте од оние кои сметаат дека успехот и материјалното богатство се единствените нешта што можат да ги направат среќни? Дали неуспехот ве прави да се чувствувате очајно и мизерно? Тогаш време е да ја практикувате корејската филозофија Sohwakhaeng што во превод значи мала, но сигурна среќа.

Корејска филозофија: Среќата е во малите нешта!

Sohwakhaeng (소확행) е онлајн тренд кај младите Корејци кои наместо да бидат опседнати со наоѓање среќа преку нивната кариера, врска или материјални работи, ја бараат среќата во малите нешта. Но, кои се овие мали нешта што ја прават оваа корејска филозофија толку уникатна и посебна?

Што е Sohwakhaeng?

Sohwakhaeng е концепт што го претставува барањето среќа во малите нешта што постојат во сегашниот момент, без оглед на тоа колку е неизвесна иднината. Овде, фокусот не е на интензитетот на чувството на среќа, туку на сигурноста на тоа чувство, без разлика колку среќата може да биде мала или кратка. На пример, пиење топла шолја кафе или чај наутро и уживањето во моментите на мир пред да се соочите со предизвиците на денот. Оттука, во суштина, sohwakhaeng вклучува и елементи на благодарност бидејќи ве тера да ги цените малите нешта.

Потекло на Sohwakhaeng

Еден од првите автори кои направиле некаков осврт кон оваа корејска филозофија е јапонскиот писател Харуки Мураками. Според Мураками, среќата можете да ја пронајдете насекаде само доколку научите да ги управувате вашите емоции, очекувања и потреби. Тој објаснува дека среќата може да се стекне од секојдневни и мали нешта како:

  • Купување нова облека
  • Јадење свежо печен леб
  • Трчање наутро
  • Уживање во вашето друштво и уживање во миговите на осаменост
  • Уживање во пријатната промена на времето
  • Читање добра книга
  • Слушање релаксирачка музика по долг и напорен ден
  • Спиење еден час подолго во недела
  • Прегрнување
  • Добро чоколадо
  • Топол туш
  • Играње со вашите миленици
  • Навраќање на среќните спомени од вашето минато
  • Гледање нова серија или филм
  • Поминување време со вашето семејство, пријателите и саканите
  • Готвење нов рецепт
  • Свеж и чист воздух
  • Состанок со партнерот или пријателот

Sohwakhaeng: Корејската тајна за среќата

Општеството ни налага да веруваме дека долгите часови работа и жртвувањето на нашиот личен живот за професионален успех може да доведе до вистинска среќа. Така, ние продолжуваме да работиме напорно секој ден, очекувајќи да ја доживееме оваа неостварлива „среќа“ еден ден кога ќе станеме „успешни“. Но, оваа „среќа“ никогаш не доаѓа без разлика колку „успешни“ ќе станеме.

Како да се најде среќа со Sohwakhaeng

За да ги цените малите нешта треба да бидете благодарни за она што го имате, да се фокусирате на сегашниот момент и да го следите она што всушност ве прави среќни. Неопходно е да престанете да ги земате здраво за готово животот и секојдневните искуства и да покажете благодарност за малите нешта што ви се случуваат секојдневно. Еве неколку начини да ги цените малите нешта во животот и да уживате во мала, но сигурна среќа со sohwakhaeng:

1. Забавете и паузирајте

Наместо да брзате за да можете порано да стигнете до целта без да се справувате со целиот хаос, научете да паузирате и да уживате во искуството. Фокусирајте се на деталите и одвојте време за да го анализирате севкупниот процес на напредок.

2. Бидете внимателни

Живејте во сегашниот момент. Не во минатото. Не во иднината. СЕГА. Внимателноста е свесноста за сегашниот момент и може да ве инспирира да уживате во малите нешта и да практикувате sohwakhaeng. Таа ви помага да го ослободите вашиот ум од жалење за минатото и стравовите од иднината и да ги набљудувате деталите во сегашноста. На тој начин подобро ќе се справите со негативните мисли и чувствата како стресот и анксиозност.

3. Бидете благодарни

Да го цените она што веќе го имате е еден од основните чекори за практикување sohwakhaeng. Една од основните работи кои се неопходни за да уживате во малите моменти од животот е да бидете благодарни за нив. Наместо да се фокусирате на она што го немате или на луѓето што навистина не ги сакате, префрлете го фокусот на она што го прави вашиот живот подобар – како луѓето кои ве сакаат и целите што веќе сте ги постигнале. Една од најдобрите работи што можете да ги направите е да запишувате 3 нешта за кои сте благодарни секоја ноќ пред спиење.

4. Не дозволувајте социјалните мрежи да ви го трошат времето

Паузирајте секогаш кога ќе можете од социјалните мрежи бидејќи тие можат негативно да му влијаат на вашето ментално здравје. Освен тоа, кога ќе престанете да зјапате во телефонот цело време, ќе можете подобро да ја погледнете убавината на светот околу вас.

Откако прочитавте за оваа корејска филозофија за среќата, можеби ќе сакате да прочитате и за првиот Музеј на среќата во светот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар