Кора од банана – најдобар пријател на вашата насмевка
Секој сака да има блескаво бели заби, но за да ја одржите неодоливата насмевка, треба да избегнувате пиење кафе, пушење цигари и три пати дневно да ги четкате забите по неколку минути, а ретко кој го прави сето ова. Но, покрај скапите стоматолошки избелувања, постои уште едно природно, бесплатно и ефикасно средство за белеење, кое се крие во вашата кујна, а е најдобар пријател на вашата насмевка.
Обидете се да ги избелите забите со внатрешниот дел од кора од банана. Масирајте ги забите во траење од барем 2 минути, а потоа измијте го забите со паста.
Набрзо ќе забележите дека вашите заби блескаат. Калиумот, калциумот, магнезиумот и витаминот Д, кои се наоѓаат во кората од бананата, се одлични за забите и помагаат во нивното избелување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.