Контурирање на косата: Тренд за оваа сезона кој потполно ќе ве освои
Кога е во прашање контурирањето на лицето, досега видовме буквално сè – од класично контурирање, потоа „кловн“ контурирање, па сè до контурирање со помош на к’на. Кога ќе размислиме подобро, можеме да го контурираме целото тело, па затоа не нè чуди тоа што неодамна бјути експертите измислија и техника за контурирање на косата.
Во прашање е сосема нов начин на нијансирање и осветлување на косата, кој сигурно ќе ве освои. Неговата убавина се согледува во светлите прамени кои се прелеваат низ косата, додека посебен акцент се става на прамените кои го оцртуваат лицето.
Целта на овој вид контурирање е на вистински начин да ги истакне сите црти на лицето на секоја жена, за да се создаде илузија на подолг облик на лице. Токму во тоа може да се забележи и сличноста помеѓу овие две техники на шминкање и нијансирање на косата.
Дали би го пробале овој ефективен бјути тренд?