Контроверзен секс-водич за мажи

Контроверзен секс-водич за мажи

Без разлика на својата сексуална ориентација, познатиот дизајнер Том Форд одлучил да состави генерален машки водич за секс и да подели неколку совети, како сите би можеле да уживаат во сексуалните задоволства ова лето. Прочитајте ги неговите совети кои предизвикаа поделени реакции како помеѓу мажите, така и помеѓу жените.

Kontroverzen seks-vodich za mazhi-kafepauza.mk

1. Природен мирис

Нема потреба од тони деодоранс или парфем во спалната соба. Природниот мирис е многу секси во таквите ситуации.

2. Чисти нокти и шорцеви

Ако сакате да импресионирате жена, никогаш не носете шорцеви и апостолки во град, бидејќи тоа е соодветно само за на плажа и на тениски терен. А пак кога ќе дојдете во интимна ситуација со жена, доколку сакате вашите прсти да се најдат на кое било место од нејзиното тело, тогаш задолжително треба да имате средени нокти, а за тоа решение е маникирот.

3. Нема посекси маж од оној кој знае да слуша

Заборавете на совршените мускули и само слушајте. Кога ќе ѝ покажете на личноста дека сте доволно присутни во разговорот, тоа е многу секси. Со други зборови, оној кој добро слуша, секогаш го добива она што го сака.

4. Имајте секс и со момци и со девојки

„Ако сте хетеросексуалец, легнете барем еднаш со маж, а ако сте хомосексуалец, не воздржувајте се да пробате секс со жена. Во секој случај ќе бидете изненадени колку е природно чувство штом ги надминете сите предрасуди. На крајот на краиштата, во прашање е само личност со која се обидувате да се поврзете.“

5. Депилација

Пред да изберете фризура за таму долу, посоветувајте се со својот партнер/ка што тој/таа мисли за тоа.

6. Моногамијата не е природна

Моногамијата е вештачка креација. Не сметам дека тоа е нешто што ни е природно вродено.

7. Сексот треба да им биде забавен на сите

Зошто да немате секс само за забава? Зошто тоа треба да биде лоша работа? Мажите се и онака сирови – кога и да поминете на улици тие постојано извикуваат на сите страни.

8. Нека ве инспирираат нашите предци. Навистина!

Желбата за сексуални односи е дел од нашата природа. Исто како што денес јадете, се прејадувате, но утре ќе бидете повторно гладни. Денес сме претрупани со секс во порнографските филмови во кои девојките извикуваат ах-ах-ах и момците викаат ух-ух-ух. Замислете како било пред стотина години кога луѓето биле упатувани едни на други. Замислете што се случувало тогаш. Тие не ни знаеле што сѐ можат да прават, туку едноставно го правеле она што им се допаѓало. Замислете само колку биле перверзни.

9. Без облека е полесно

Може да отидете во теретана, да видите дечко под туш и да помислите колку би сакале да разговарате со него. А потоа излегува од тушот, седнува на клупата, облекува некои опасни чевли, става сребрени прстени на палците и натнува некое лошо одело. Кога сте голи, сѐ е многу полесно, и има помалку начини на кои можете да оплескате.

10. Убавината е помоќна од сексот

Копнеам за убави жени. Како прво, јас навистина сакам жени. Но често копнеам за убави жени на исиот начин на кој уживам да гледам и во убави скулптури, убави автомобили и сл. Во поедини моменти жените сексуално ме привлекуваат, но тоа не го надминува мојот прв нагон – таа потреба за убавина. Не ретко помислувам: „Ох Боже, сакам да ѝ ги раширам нозете и да ја…“

11. Сакате да заведете жена? Станете кога ќе појде во тоалет.

Кога би бил стрејт маж и би сакал да заведам жена, тоа би го направил многу едноставно – би стоел додека е таа во тоалетот и би ја чекал така додека се врати. Тоа навистина делува. Секогаш кога тоа ќе го направам во друштво кога со мене се моите пријатели и нивните сопруги, тие секогаш ги критикуваат своите мажи: „Како ти никогаш не го правиш тоа… Ох, тоа е толку фино.“

12. Не постои само еден вид сексапил

На некои луѓе сексапилот им е исто што и евтино однесување. А пак на некои луѓе секси им е личност која работи во библиотека. На некои секси им се сите тие Лолити во сукњички и долги чорапи. Мене лично ми е многу секси маж со влакнести нозе. Но ете, јас сум хомосексуалец.

13. Не е сѐ секси

Кога ја снимав рекламата за Гучи и ги издепилирав срамните влакна во форма на буквата G, тоа беше чисто маркетиншки потег. Тие денови Гучи се потпишуваше на сѐ, па помислив зошто не и тука. Но, не беше поентата да изгледа секси.

14. Сите ние треба малку да се смириме – сексот не е толку важен

Мислам дека сексот е една од подобрите работи во животот, но не знам зошто сите од тоа прават толку голема работа. Мислам дека насилството е многу покритично од сексот, но во медиумите многу полесно проаѓа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар