Консумирајте сок од цвекло за поголема мускулна сила!

Консумирајте сок од цвекло за поголема мускулна сила!

Силните мускули не само што можат да ви помогнат да се справите со физичките активности без да се повредите, туку исто така ви дозволуваат да согорувате калории на ефикасен начин. Најновите истражувања покажале дека сокот од цвекло може да ја зголеми мускулната сила.

Консумирајте сок од цвекло за поголема мускулна сила!

Истражувачите откриле дека учесниците кои внесувале калиум нитрат имале повеќе нитрати во мускулите, односно кај нив била зголемена мускулната сила за разлика од учесниците кои земале плацебо.

„Прв пат покажуваме дека нивото на нитрати во мускулите пред вежбањето е поврзано со количината на енергија што мускулите можат да ја произведат“, изјави авторот на студијата, д-р Ендрју М. Џонс, професор по применета физиологија на Универзитетот во Ексетер. Џонс објасни дека ова е веројатно поради фактот што „се чини дека мускулите го користат нитратот за да ја подобрат својата способност да се контрахираат“.

Според нутриционистите, нитратите се молекули на азот и кислород кои се произведуваат во телото и можат да се најдат и во одредени видови храна како целер и зелена салата, како и сок од цвекло. Кога консумирате храна или пијалаци со нитрати, тие помагаат да се претвори кислородот во енергија на поефикасен начин, што ја зголемува издржливоста при вежбање.

Ако сакате да додадете повеќе опции богати со нитрати во вашето редовно мени, можете да консумирате спанаќ, рукола, ротквички, цреши, брусница, сок од грејпфрут, сок од домати, сок од морков и друг зелен лиснат зеленчук.

Откако прочитавте зошто треба да консумирате сок од цвекло, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци.

Извор: eatthis.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар