Консумирајте го овој пијалак 4 дена по ред и ќе имате повеќе енергија од кога било претходно
Дали некогаш сте слушнале за здравствените придобивки кои ги нуди водата од грозјето? Таа претставува одличен додаток за вашата диета, особено затоа што се смета дека е добра за здравјето на црниот дроб. Водата во која се варело сувото грозје стимулира одредени биохемиски процеси во црниот дроб, кои пак помагаат за поефикасно вршење на детоксикација на крвотокот.
Најголем „виновник“ за ова се самите зрна грозје, а доколку го следите овој третман четири дена по ред, ќе забележите дека варењето на храната ви се подобрило и дека имате повеќе енергија. Лекарите честопати препорачуваат сувото грозје да го јадете наутро, за подобро здравје на вашето срце, елиминирање на лошиот холестерол, намалување на нивото на триглицериди, подобрена работа на желудникот и самиот метаболизам. Сувото грозје е природен извор на минерали и витамини, но нивниот ефект драстично се зголемува ако пиете вода во која се наоѓале тие зрна, затоа што на овој начин го намалувате нивото на шеќер. Еве како да го направите тоа.
Потребни состојки:
- 400 милилитри вода
- 150 грама суво грозје
Начин на подготовка
1. Внимателно одбирајте ги зрната суво грозје и избегнувајте ги оние кои имаат светла и сјајна боја, затоа што тој сјај не е природен, туку е резултат на бројни хемиски процеси кои се заслужни за таков „привлечен“ изглед. Одлучете се за оние со потемна боја кои ниту се премногу тврди, ниту пак премногу меки.
2. Измијте ги и ставете ги на страна.
3. Во сад, ставете на оган да зовријат две чаши вода. Додајте го сувото грозје и оставете да врие 20 минути. Звучи лесно, но тоа не е сѐ. Потребно е да ги оставите така за зрната грозје да впијат во текот на ноќта.
4. Наредното утро процедете ја водата и повторно загрејте ја. Овој пијалак можете да го пиете врел или млак, но важно е да го правите тоа на празен стомак, веднаш по будењето. Појадокот би требало да следи половина час подоцна.
5. Идеално е ова да го правите неколку дена по ред, а минимум четири. Веќе по два дена ќе забележите дека желудникот ви работи подобро, имате повеќе енергија, а особено се препорачува на луѓето кои сакаат да ги намалат вишокот килограми.
Овој третман можете да го повторувате секој месец.