Конечно се срушени најчестите фитнес митови

Конечно се срушени најчестите фитнес митови

Речиси сите се обидуваат да го подобрат својот изглед и имаат рутина на вежбање, држат диети и земааат додатоци во исхраната, но многумина не ја знаат разликата помеѓу вистините и лагите за фитнесот што кружат на Интернет. Водени од заблудата за резултатите што можете да ги постигнете, ризикувате да се повредите, па затоа погледнете го овој список на митови што не важат за вежбањето.

Конечно се срушени најчестите фитнес митови

Мит 1: Пливањето е одлична активност за губење килограми

Ова тврдење е вистинито само ако навистина сериозно размислувате да пливате и интензивно вежбате еден час дневно. Ако под пливање подразбирате брцкање во плиткото и повремено петминутно истегнување на рацете, тогаш пливањето не е активност што ќе ви помогне да ги намалите килограмите.

Мит 2: Стомачните вежби ќе ви помогнат да ги стопите масните наслаги на стомакот

Стомачните вежби може да ви помогнат да ги зацврстите стомачните мускули, но тие нема да ви помогнат да имате совршено рамен стомак. За да имате видливи стомачни мускули, треба да го намалите нивото на телесни масти. Сепак, насоченото губење на тежината не е можно, па затоа не може да ги изгубите само масните наслаги на стомакот.

Мит 3: Трчањето на лента ги штеди колената повеќе отколку трчањето на патека

Трчањето е активност што не се препорачува на луѓе со чувствителни колена и ниту трчањето на лента не е оптимална алтернатива. Избегнувајте активности што вршат голем притисок на колената и изберете активности со помал интензитет како што се пешачењето и пливањето.

Мит 4: Ако не се потите, не вежбате доволно интензивно

Потењето е начин на телото да се излади, па затоа недостатокот на пот не мора да значи дека не сте вежбале доволно. Можеби вежбате во поладна просторија, а можеби само се потите помалку од просечното. Сепак, количината пот не мора да е во корелација со интензитетот на вежбата. Но, ако правите кардио вежби и воопшто не сте задишани, тогаш голема е веројатноста дека нешто правите погрешно.

Мит 5: По квалитетниот тренинг треба да почувствувате одредена болка

Ако немате кондиција, постои можност ден или два по вежбањето да развиете воспаление на мускулите. Но, и ако не добиете воспаление, тоа не мора да значи дека вашиот тренинг не бил доволно добар. Квалитетното истегнување му помага на телото правилно да се опушти по физичката активност. Исто така, треба да разликувате болка што следува неколку дена по вежбањето и е сконцентрирана исклучиво во мускулите, од друг вид болка што може да ја чувствувате на пример во зглобовите уште за време на вежбањето. Во тој случај, треба веднаш да прекинете со вежбањето за да не се повредите уште повеќе.

Прочитајте ги овие 12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар