Конечно е исполнет сонот на секоја жена: Фармерки кои прилегаат на секоја дама

Конечно е исполнет сонот на секоја жена: Фармерки кои прилегаат на секоја дама

Купувањето фармерки може да биде голем проблем за повеќето девојки и жени. Соблекувањето и облекувањето на различните модели, во потрага по вистинскиот, некогаш знае да одземе многу од времето на секоја жена. Тоа сигурно на своја кожа го почувствувала и модната дизајнерка Алексија Елкејм, па токму затоа и го лансирала брендот „Miaou“, а првото парче облека ќе ги воодушеви дамите.

(1) Конечно е исполнет сонот на секоја жена: Фармерки кои прилегаат на секоја дама

Станува збор за модел на фармерки кој одговара на сечие женско тело.

„Повеќе од една година работев на нивниот дизајн. Фармерките беспрекорно одговараат на секоја градба на тело, а тоа ми беше многу важно“, изјавува Елкејм.

(2) Конечно е исполнет сонот на секоја жена: Фармерки кои прилегаат на секоја дама

Она што е интересно е дека за снимање на рекламната кампања таа ги ангажирала своите пријателки.

„Секоја со својот стил, облик и големина. Беше интересно да се облечат толку различни девојки во ист модел на фармерки и да се види колку убаво прилегаат на нивните тела и на колку различни начини можат да се носат.“

(3) Конечно е исполнет сонот на секоја жена: Фармерки кои прилегаат на секоја дама

Тајната на овие фармерки е во кројот. Ретро моделот со висок струк и со еластин, става нагласок на женските облини, но многу добро им прилегаат и на жените кои се витки. Моделот е достапен во големина од број 34 до 46.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар