Комуникација со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве води

Комуникација со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве води

Шаманите, медицинските лица и мистиците со векови знаат дека душата не го зборува човечкиот јазик. Наместо тоа, нашата душа комуницира со нас преку симболи, метафори, поезија, чувства и магија. Човечкиот јазик е премногу ограничен за да се покаже целото знаење и мудрост на душата.

Комуникација со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве води

Многумина не знаат како бидат во хармонија со нивното вистинско јас. Поради социјалните услови, често се потпираме само на умот и на неговата интерпретација на реалноста. Често луѓето ги испуштаат и најголемите знаци што им ги праќа душата. Покрај тоа тие не ѝ веруваат, ја игнорираат или се сомневаат во која било форма на комуникација што ја добиваат.

Комуникацијата со душата не е само за просветлените луѓе. Таа е право на сите мажи жени и деца. Ако сакате да научите да комуницирате со вашата душа, мора да обрнете внимание на знаците. Постојат многу знаци, но следниве 7 се најочигледни.

1. Знаци во соништата

Психолозите веруваат дека соништата се алатка со која потсвесниот ум се обидува да најде смисла во реалноста. Но во древните култури, како оние во Грција и Египет, соништата биле пораки од духовите, боговите или од другиот свет. Многу култури ги користеле соништата за откривање многу работи. Денес повеќето исцелители се согласуваат дека соништата пренесуваат важни пораки и вистини за нашите животи и судбини.

Обрнете внимание на соништата и сликите, симболите и сценаријата во нив. Што се истакнува? Можете да водите дневник за соништата и да ги запишувате вашите моментални импресии.

2. Луцидни соништа

Спонтаните луцидни соништа претставуваат свесност дека сонувате. Свесноста во сонот е одлична можност да ја истражите вашата потсвест. Можете да научите како да бидете свесни во текот на спиењето, но доколку ова ви се случува спонтано гледајте го како дар. Ова е можност да поставите прашања и да најдете одговори кои не би ги сретнале додека сте будни.

3. Повторувачки зборови и броеви

Колку пати на часовникот сте забележале 11:11, 12:12, 13:13 и слично? Многу скептици сметаат дека кога мислиме на нешто, го гледаме постојано, но можеби ова искуство е позначајно. Без разлика кое е значењето што им го придавате на повторувачките зборови и броеви, нивната функција е да ве разбудат. Па секогаш кога ќе забележите повторување, запрашајте се која е сокриената порака.

4. Знаци и водичи од животните

Повеќето од нас секојдневно се сретнуваат со животни. Кога ќе обрнете внимание на овие животни ќе сфатите дека секое има различен начин на учење, разна порака и енергија. Важно е дека придаденото значење е навистина лично, па немојте да барате дефиниција. Следете го вашиот инстинкт.

Еден начин да го откриете вашето значење е да забележите кои животни ги сретнувате секој ден. Обидете се да сфатите што сакаат да ви кажат. Како се однесуваат или движат? Ова е моќен вид на комуникација со душата.

5. Синхроницитет или случајности

Дали некогаш ви се случиле серија настани кои изгледале посебно или необично? Можете овие настани да ги наречете среќни случајности, кога всушност станува збор за синхроницитет. Синхроницитетот се моменти со силна случајност каде што се поврзуваат нашиот внатрешен и надворешен свет. Често синхроницитетот е знак дека сте на вистинскиот пат бидејќи нештата се одвиваат како што треба без да вложите многу труд.

6. Интуиција

Интуицијата е чувство што ви кажува дали да направите нешто. Секој знае што е интуиција, но на повеќето им е тешко да ја слушаат. Таа е различна од внатрешниот глас на стравот бидејќи е суптилна, смирена и центрирана. Важно е да ја направите оваа разлика. Многу луѓе мислат дека се водени од интуицијата, кога всушност ги слушаат нивните стравови. Интуицијата можете да ја гледате како гласот на вашата душа. Секогаш кога ќе ве привлекува нешто или некој, бидете сигурни дека вашата душа се обидува да ве води.

7. Визии за време на медитација

Медитацијата е друг начин да ја контактирате вашата душа. Долгите медитации се одличен начин да го искусите мистичното. Едно од овие мистични искуства вклучува визии или појавување спонтани имиња додека медитирате. Тие често можат да бидат знак од вашата душа. Многу луѓе слушнале и непознати песни или мелодии додека медитирале. Но како да знаете дали станува збор за визија? Обично сликите што ги гледате или зборовите што ги слушате ќе имаат одредена тема која ќе ви изгледа непозната. Исто така ќе се повторуваат и ќе чувствувате дека се навистина важни. Најдобро е да чувате и дневник за медитација во кој ќе ги запишувате овие слики, зборови или песни.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата душа е уморна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар