Комбинирајте ги овие две состојки и испијте ги пред спиење: Следното утро ќе бидете вчудовидени
Квалитетниот сон е многу важен за вашето општо здравје. Доколку се разбудите уморни и нервозни, тоа сигурно негативно ќе се одрази на вашите секојдневни активности. Но, доколку направите комбинација од банана и цимет во форма на смирувачки чај, тогаш секое утро ќе се будите полни со енергија и целосно релаксирани.
Зошто банана? Ова вкусно овошје е одличен извор на калциум и магнезиум кои според резултатите на големи научни студии, влијае поволно врз сонот. Минералите во бананата ги опуштаат мускулите и го намалуваат негативното влијание на претераното лачење кортизол – стрес хормонот. Зошто цимет? Бидејќи и покрај тоа што му дава пријатен вкус на чајот, циметот целосно ќе ве опушти. Од друга страна, циметот го регулира варењето и циркулацијата, па тоа дополнително ќе влијае врз квалитетот на вашиот сон.
Потребни состојки:
- 1 литар вода
- 1 банана
- Прстофат цимет
Начин на подготовка:
Сварете ја водата и додајте ѝ ја бананата откако ќе ѝ ги исечете краевите и добро ќе ја измиете. Оставете ја да се вари 10-тина минути, а потоа исцедете ја и сипете ја во шолја. На крај додајте го и циметот. Испијте го овој чај еден час пред да си легнете да спиете. Вие ќе имате мирен сон и ќе се разбудите енергични и одморени.