Комбинација на модата и природата: Торби инспирирани од листови
„Leafling “е бутик кој се наоѓа во Будимпешта и кој својата инспирација ја пронаоѓа во природниот свет за да ги изработи овие торби и ранци. Габриела Молдовањи и нејзиниот партнер, Адам, се креативното дуо кое стои зад уникатните дизајни во форма на листови, и кое создава производ што е истовремено и практичен и привлечен.
Сите торби се рачно изработени и се продаваат во поголем избор на различни стилови кои се приспособуваат на сите потреби. Од големи ранци, до мали чанти, овие торби изгледаат исто толку добро како и околината на која потсетуваат. Тие се изработени од водоотпорни ткаенини за да ги издржат надворешните влијанија на елементите и се одличен моден додаток за сите годишни времиња. Погледнете.