Колку време е потребно за тој да изговори „Те сакам“?
Речиси и да не постои жена која на почетокот на врската не се запрашала колку време ќе му биде потребно на партнерот да се вљуби во неа. После ова следува уште покомплицирано прашање – зошто партнерот сè уште не ја изјавил неговата љубов?
Понекогаш станува збор за неколку недели, а понекогаш потребно е да поминат и месеци пред партнерот да сподели колку е вљубен во вас. За жените ова може да биде навистина исцрпувачки, бидејќи им создава несигурност. Тие не сакаат да го нарушат односот со партнерот и не кажуваат ништо, но сепак се прашуваат зошто тој не го кажува она што долго време го покажува.
Според психолозите, и кај мажите и кај жените, на почетокот од врската се појавува силна страст, која после некое време се претвора во вљубеност. Со развивање на емоционалниот однос, вљубеноста се претвора во длабока и искрена љубов.
Во првите неколку недели, партнерите уживаат во меѓусебната привлечност, која со текот на времето и меѓусебното запознавање прераснува во вљубеност.
Едно истражување во кое учествувале 2.000 парови, кои биле заедно повеќе од една година, дошло до навистина интереси резултати. Имено, мажите ја почувствувале вљубеноста после 3 месеци, додека жените после 5 месеци од врската.
Но, ситуацијата е многу поразлична кога станува збор за признавање на овие емоции. Во повеќето случаи, жените први изговориле „те сакам“ и тоа само еден месец откако станале свесни за своите емоции. На мажите пак им биле потребни околу 6 месеци откако ја почувствувале вљубеноста. Ова значи дека навистина им придаваат значење на овие зборови и потребно им е време да соберат храброст да ги кажат.
Дури 13% од испитаниците изјавиле дека дури и после една година не изговориле „Те сакам“. Истражувањето покажало дека 1/3 од испитаниците му изјавиле љубов на партнерот поради притисок од неговото прерано признание.
Најверојатно, кога партнерот ќе ви каже дека ве сака, сакате тоа биде искрено и од срце. Затоа, бидете трпеливи и немојте да го испрашувате партнерот бидејќи сигурно не сакате да ви изјави љубов под притисок. Покрај тоа, ако се чувствувате сакано, добивате доволно нежност, внимание и разбирање, запрашајте се дали навистина партнерот треба да ви каже нешто што веќе го чувствувате во вашето срце.
Погледнете ги и прашањата што треба да си ги поставите пред да кажете „Те сакам“.