Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

Влијанието на дигестијата врз слабеењето е многу значајно. Сигурно многупати сте слушнале дека вие сте тоа што го јадете. Нормално, точното време на дигестија зависи од здравјето, метаболизмот, возраста, па дури и од полот на личноста. Но, некои видови храна ќе поминат низ вашиот организам многу брзо, додека други ќе останат во системот подолго.

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

Времето на дигестија е процес во кој храната што сте ја консумирале се распаѓа во мали честички кои се пренесуваат од системот за дигестија до крвотокот. Важно е да го знаете времето на дигестија ако сакате да изгубите некој килограм или ако сакате да ја задржите фигурата што ја имате.

Храна што се дигестира брзо

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

Ако јадете храна што се дигестира брзо, ќе сфатите дека јадете многу повеќе отколку што треба. Причината е што набрзо по јадењето на оброкот храната е преработена и повторно чувствувате глад. Овој вид храна брзо ви го покачува нивото на енергија, односно го покачува нивото на гликоза и потоа исто толку брзо и го спушта. Иако звучи добро, ако вашето тело е преплавено со гликоза, а не ја употребува, таа ќе се претвори во сало.

Храна што се дигестира бавно

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

Оваа храна го покачува нивото на шеќер во крвта многу побавно и ви дава балансирана енергија. Но, ако јадете само храна од овој вид, го терате дигестивниот систем да работи со полна пареа, а ова е напорно за вашето тело.

Експертите советуваат да не мешате од двата вида храна во еден оброк и да избегнувате брза храна по консумирањето продукти што се дигестираат бавно за да не го преполните стомакот.

Најдоброто време за храна што се дигестира и брзо и бавно е за ручек кога вашиот дигестивен систем е најактивен. Оброците за појадок и вечера би требало да бидат поедноставни и препорачливо е да консумирате продукти што се дигестираат брзо. На овој начин брзо ќе добиете енергија наутро, а ќе му дозволите на стомакот да се одмори навечер.

1. Вода – Веднаш влегува во цревата

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

2. Овошни или зеленчукови сокови – 15-20 минути

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

3. Сиров зеленчук – 30-40 минути

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

4. Зготвен зеленчук – 40 минути

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

5. Риба – 45-60 минути

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

6. Салата со масло – 1 час

Колку време е потребно за дигестија на разни видови храна и зошто е важно да го знаете тоа?

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар