Колку кофеин има во чајот?

Колку кофеин има во чајот?

Кофеинот е соединение кое се наоѓа во кафето, чајот како и бобинките од гуарана. Дејствува како стимуланс на централниот нервен систем и ви помага да се фокусирате полесно, но и да се чувствувате помалку уморни.

Колку кофеин има во чајот?

Од друга страна, може да предизвика и несакани ефекти како вознемиреност, немир, несоница и пореметување на работата на срцето.

Во поглед на чајот, пак, точната количина на кофеин зависи пред сè од видот.

Така, на пример, една шолја црн чај содржи 35 милиграми, а зелениот чај содржи 32 милиграми кофеин. Имајте на ум дека колку подолго ја чувате филтер ќесичката, толку повеќе ќе се зголемува содржината на кофеин.

Освен тоа, постојат и други фактори кои влијаат врз содржината на кофеинот во чајот. Доколку температурата на водата е повисока, тогаш се зголемува и количината на кофеинот. Покрај тоа, можно е да внесете повеќе кофеин и доколку користите чај во филтер ќесички. Тоа е затоа што листовите во ќесичките се мелени на поситни делови што овозможува полесно испуштање на кофеинот.

Откако прочитавте за содржината на кофеинот во чајот, можеби ќе сакате да прочитате и како влијае кофеинот врз вас и колку навистина може да ве држи будни.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар