Колку килограми треба да изгубите во еден месец, а притоа да не го нарушите здравјето?

Колку килограми треба да изгубите во еден месец, а притоа да не го нарушите здравјето?

Сите барем еднаш во животот се нашле во ситуација кога сакале набрзина да изгубат вишок килограми. Но, борбата со килограмите навистина знае да биде исцрпувачка и тешка. Па, колку килограми смеат да се изгубат за месец дена, а притоа здравјето да не се наруши? Одговорот на ова прашање го имаат експертите за храна.

Ако се придржувате до одреден план на исхрана во месец дена можете да очекувате разумно губење од 3 и половина до 4 и половина килограми. Губењето пола килограм масти е еднакво на 3.500 калории што значи дека ако сакате да изгубите килограми во една недела мора да го смалите внесувањето на 1.000 калории дневно.

Не е лошо да запишувате што сте изеле во текот на денот за да знаете колку калории сте внеле. Запишувањето на секој залак изгледа заморно, но докажано делува. Консумирањето 1.000 калории дневно може да звучи застрашувачки многу, но ако размислите колку леб, печиво и колачи јадете во текот на денот ќе ви стане јасно дека бројката и не е така голема.

Еве неколку примери како личност од 68 килограми може да изгуби околу 1.000 калории само со вежбање.

  • Трчање на лента, 20 минути – 299 калории
  • Вежбање на Орбитрек, 30 минути – 179 калории
  • Градно пливање, 30 минути – 189 калории
  • Кикбокс, 30 минути – 357 калории

Најдобриот совет што можете да го добиете е „да јадете помалку, а повеќе да се движите“. Диетите што ветуваат повеќе од 9 килограми месечно се штетни за здравјето бидејќи ќе мора да вежбате повеќе од она што е оптимално за вас и ќе јадете помалку од препорачаната количина.

Американска академија за прехрана и диететика препорачува жените никогаш да не јадат помалку од 1.200 калории, а мажите помалку од 1.800.

Дознајте и кои точки да ги масирате на телото за да се ослободите од вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар